ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но не сака да влезе во „игра на датуми“

March 15, 2022 09:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме“, пренесува МИА.

-Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани, вели Дејвид Гир во интервју за „360 степени“

Амбасадорот на ЕУ во земјава е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но вели дека не сака да влезе во „игра на датуми“ за тоа кога би се случила деблокада на пристапниот процес на земјава.

-Она што го гледаме во изминатите месеци, од јануари наваму, е нова динамика во односите. Има работни групи, интензивирање на контактите што е многу охрабрувачки. Ова е добро, ова е позитивно, сакаме тоа да продолжи, да се одржи „моментот“ за овие прашања да се надминат и потоа да се отворат пристапните преговори, што е можно побрзо, вели евроамбасадорот.

Тој  го пофали раководството на земјава за, како што вели, јасниот и недвосмислен став во изразената солидарност со Украина и со нејзиниот народ, притоа демонстрирајќи не само посветеност на насоките на ЕУ и поставувајќи се на иста линија со санкциите на ЕУ, туку и правејќи многу јасен морален избор. Посочува при тоа дека настаните во Украина уште еднаш покажале што значи европската перспектива, која вели, нуди најдобра надеж за сите нас, за демократска иднина, за побезбедна, постабилна и попросперитетна иднина.

-Секако, има чувство на итност за тоа, зашто гледаме драматични настани во Украина. Но, таа итност не мислам дека ја менува основната методологија поврзана со пристапниот процес, а тоа е реформата. Темпото на самите реформи е за подготвување на оваа земја и другите држави кандидатки за членство во ЕУ. Тоа значи дека треба да се осигураме дека има систем на владеење на правото, систем кој спречува корупција, бизниси кои имаат можност да се натпреваруваат во единствен пазар од 450 милиони консументи кој е многу натпреварувачки пазар, дека луѓето може да се натпреваруваат на пазарот на трудот со вистински вештини и работни позиции. Тоа значи подготвување за членство и затоа не гледам скусување на процесот за спроведување реформи, зашто тоа не е во ничиј интерес и треба да се осигуриме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка, порачува амбасадорот Дејвид Гир.

Next Post

Клеверли: Рускиот план за инвазијата не функционира

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk