Руската војска ја контролира ситуацијата во нуклеарната централа заедно со украинското обезбедување и нејзините вработени, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Алексеј Полишчук, пренесе МИА.
Како што рече, двете електрани работат во нормален режим и радијацијата е нормална, што го потврдуваат и од Меѓународната агенција за атомска енергија.







