ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

March 16, 2022 18:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поддржавме повеќе од 20.000 компании и зачувавме околу 80.000 работни места. Само преку Планот за економски раст ги поддржавме компаниите со близу 49 милиони евра. Преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ, се исплатени 19,5 милиони евра, додека околу 16 милиони евра исплативме преку инструментите на ФИТР. Дополнителни 13 милиони евра, исплативме преку мерките од Законот за финансиска поддршка. Преку „Планот за економски раст“, овозможивме компаниите да не престанат да размислуваат стратешки. Напротив ги мотивиравме да ги планираат развојните компоненти на компаниите на среден и на долг рок “, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање на „Бизнис форум 2022“ одржан во Валандово, каде учествуваа и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и градоначалникот Костадинов.

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, истакна дека Владата во изминатите две години и покрај кризата со ковид пандемијата воведе мерки преку кои го стимулираше стопанството. Преку сетовите на економски мерки како што истакна Битиќи, Владата успеа да ја одржи ликвидноста на компаниите како и да ги зачува работните места.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, истакна дека УЈП во целиот овој период овозможи мерките да се реализираат на брз лесен и ефикасен начин, сé со цел градење на праведно и правично општество кое нуди еднакви шанси за сите големи, мали или микро претпријатија.

„Целта е да овозможиме поволни услови за раст и развој на домашните претпријатија. Во таа насока, заедно со Владата и стопанствениците, донесовме пакет од 26 мерки преку кои овозможуваме поволни услови за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на претпријатијата. Успешно ги спроведовме мерките за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавачи погодени од пандемијата, мерките за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување, за одложено плаќање на даночен долг и низа други поволности сé со цел градење на партнерски однос со стопанството“, истакна директорката на УЈП Лукаревска.

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, истакна дека општината со која раководи поради добрата локација, има многу природни ресурси кои ако се искористат од страна на бизнис заедницата, може позитивно да се одразат врз домашната економија. Костадинов, ги повика стопанствениците да инвестираат во општината со која раководи, им ги презентира поволностите кои ги нуди општината за развој на бизниси.

„Имаме особено голем потенцијал за реализација на инвестиции за производство на енергија. Особено, огромна можност нуди искористување на соларната енергија. Особено денеска, кога сите сме соочени со енергетска криза и нестабилност на пазарот на енергенси. Валандово е одличен потенцијал за развој на вакви инвестиции. Имаме сонце над 300 денови во годината, најниска стапка на оданочување, транспарентна и брза администрација“, истакна градоначалникот на Валандово Костадинов.

Бизнисмените, ја поздравија заложбата на Владата за креирање на позитивна бизнис клима и постојаното поддржување на проекти низ целата држава со што директно се влијае врз рамномерниот регионален развој на Република Северна Македонија.

 

Next Post
PrtSc видео Врховна Рада

Руската војска го ослободи од заробеништво градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk