Никола Наумоски, шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ѝ поднесол тужба за клевето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Денес поднесов тужба за клевета на Градоначалничката Арсовска (Данела по дедо и Дане), откако претходно одби да ми се извини за клеветите дека сум јадел по кафани на градска сметка и дека заради боледување не сум се појавувал на работа“, пишува на Фејсбук, Наумоски.
Наумоски се надева дека градоначалничката нема да одолговлекува и да одложува рочишта и дека, како што вели, ќе дојде да аргументира со некакви докази.
„Би сакал да и се заблагодарам и на нејзината соработничка Ќосела (по дедо и Ќосе). Без нејзините ботови оваа тужба ќе беше многу потешко да се докаже.“, пишува Наумоски.
Во прилог на објавата, Наумоски прикажува и принт скрин од коментари на Твитер со експлицитен говор на омраза кон него.
Ј. Ѓ.