ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

March 18, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот МојТермин, информираат од Министерството за здравство.

Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита.

Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели и ќе опфатат 14 локални заедници, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.

Инаку, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така што со овој караван целта е да ја приближиме можноста за вакцинирање до сите категории граѓани кои досега не се вакцинирале, пишува во соопштението.

Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини.

Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата.

Во продолжение распоредот со локации кои се вклучени во организиран караван:

  • 21 март од 11 до 15 часот – Шуто Оризари, плоштад
  • 22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад
  • 23 март од 12 до 16 часот – Радовиш, плоштад
  • 24 март од 12 до 16 часот – Струмица, плоштад
  • 25 март од 12 до 16 часот – Ново Село (Струмица), на пазарот
  • 26 март од 11 до 15 часот – пред Ист Гејт Мол во Скопје
  • 27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад
  • 28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче
  • 29 март од 12 до 16 часот – Арачиново, до поштата
  • 30 март од 12 до 16 часот – Чучер Сандево, во ОЈУ Партизански дом во село Сандево
  • 31 март од 12 до 16 часот – Зелениково, во дворот ОУ „Марко Цепенков“
  • 1 април од 12 до 16 часот – Врапчиште, Дом на култура во село Неготино
  • 2 април од 11 до 15 часот – Кичево, Дом на култура
  • 3 април од 11 до 15 часот – Струга, Ново Шеталиште

 

Next Post
ФОТО: karar.com

Кулеба: Зеленски е подготвен уште утре да се сретне со Путин

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk