ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите

March 21, 2022 20:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во досегашната работа на Управата за јавни приходи утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на Владата, не се почитува до крај, истакна вечерва директорката на УЈП, Сања Лукаревска, информира МИА.

Таа, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, наведе дека, согласно она што го утврдиле од теренските контроли во изминатите два дена, сметаат дека во интерес на граѓаните и во интерес на она што значи зачувување на стандардот, УЈП има обврска, и професионална и морална, да постапува.

Директорката на УЈП информираше дека над 300 инспектори и контролори на УЈП во моментов се во сите придружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност.

– За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добиваме и соодветни други сознанија во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обврзник. Добиваме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните, нагласи Лукаревска. 

Таа потенцираше дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава.

Во истата емисија директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, изјави дека досега најмногу контроли биле вршени за продажбата на маслото, лебот и брашното, артикли кај кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната.

– Од почетокот на одлуката, од 1 март до денеска, имаме извршено над 600 надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194.060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144.360 евра, 36.400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување, наведе Симеска Димоска.

Таа појасни дека казните од 36.400 евра се за трговците кои биле констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.

Next Post

Мисијата за пронаоѓање живот на Марс суспендирана поради руската инвазија

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk