Учениците и наставниците од ООУ „Владо Тасевски“ собраа хуманитарна помош за Украина.
Добивме хуманитарна помош за Украина, собрана од срце на ученици и наставници од ООУ „Владо Тасевски“ Карпош Ученички успеси и Професионален Развој. Искрено ви благодариме на сите вас, пријатели, за разбирањето и сочувството кон Украинскиот народ! Ние навистина многу го цениме тоа!, објави на Фејсбук, Роман Буга од Украинската амбасада во Северна Македонија.