Во гостување на дебата на Телевизија 24 Бектеши кажа дека личи можеби на предизборие затоа што во нашата држава сме се навикнале во последните 30 години да зголемиме плати, да зголемиме пензии само неколку месеци пред да има избори.
„Јас сакам да ги уверам сите граѓани дека изборите ќе бидат редовни, нема да има избори и тоа е разликата меѓу оваа влада и тоа што било предходно и пристапот кој е нов се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните“, истакна Бектеши.
Д. Е.






