Премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил соопшти дека мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март.
Со оваа исплата, како што наведува Ковачевски, почнува реализацијата на финансиската поддршка за сите пензионери во време на криза.
-По дополнотелни 1000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај. Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.
извор: МИА







