ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Kривична пријава и 30 дневен притвор за подведување девојки на проституција од земјава, Украина, Русија и Србија

Kривична пријава против Н.Р.(52) од селото Леуново во Општина Маврово и Ростуше, со престој во Добри Дол, гостиварско, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

March 22, 2022 14:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе кривична пријава против Н.Р.(52) од селото Леуново во Општина Маврово и Ростуше, со престој во Добри Дол, гостиварско, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

Како што соопштија од МВР, пријавениот, во периодот од средината на март минатата година, па сè до 20 март оваа година во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок.

Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово.

Исто така, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, врз основа на судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на угостителскиот објект и претрес во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект на подрачје на Гостивар во село Добри Дол.

-На 20 и 21 март оваа година, при претрес, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионален центар за гранични работи Север и СВР Тетово беше затекнато пријавеното лице, три странски државјанки од Србија и една наша државјанка, како и шест лица гости во објектот. Н.Р. е лишен од слобода  и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението на МВР.

Next Post
навални

Навални осуден на 9 години затвор

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk