Висок функционер на американското Министерство за одбрана и уште еден западен функционер веруваат дека Русија минатата недела истрелала хиперсонични ракети кон Украина, бидејќи и снема други наведувани ракети кои можат да погодат далечни цели, пишува Политико.
Русија соопшти дека во петокот го погодила складиштето за оружје во западна Украина со хиперсонични ракети Kh-47M2 Кинжал, но останува прашањето дали навистина складиштето била вистинската цел на нападот. Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот потврди дека Русите ги користеле Кинжал ракетите во војната во Украина. Тој рече дека Русите го пуштиле овие ракети зашто како што нагласи – „тоа е единственото нешто на кое руските сили можат да да се потпрат“.
Патем, ракетата го добила името по нож – кама, што за прв пат бил употребен во Грузија во 3 век п.н.е.
Политико пишува дека војната во Украина е првиот конфликт во кој биле употребени хиперсонични ракети. Таквите проектили летаат со брзина од најмалку пет маха и можат да маневрираат за време на летот, што значи дека многу тешко се соборуваат. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во 2018 година изјави дека ќе ги додаде во рускиот арсенал на оружје.
Западот верува дека Путин посегнал по Кинжал, затоа што му снема други проектили кои можат со сигурност да погодат далечни цели. Политико наведува дека Русија истрелала повеќе од 1.100 проектили кон Украина од 24 февруари до 22 март.
„Сметаме дека тоа би можело да биде една од причините“, изјави висок претставник на американското Министерство за одбрана. „Им снемува проектили“, додаде западниот претставник.
Нагласува дека е можно Русите да ја нападнале Украина со Кинжал затоа што сакаат да постигнат подобра позиција во преговорите, но подеднакво е можно и Кремљ да сакал да испрати порака до Западот да не се меша во војна во Украина. Третата теорија, изнесена од американскиот претседател Бајден, вели дека Русија ги користела Кинжал затоа што била фрустрирана од успесите на одбраната на Украина.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Русите се определиле за хиперсонични ракети за да ја забрзаат инвазијата, која во моментов не оди според планираното. Но, тој рече и дека е можно да испукале Кинжал кон Украина бидејќи немаат други проектили.
Друг западен функционер тврди дека Русија покажала слабост кога посегнала по хиперсонични ракети. „Такви ракети истрелувате само ако сте очајни“, рече тој.
Се очекува дека Русија нема да истрела многу хиперсонични ракети бидејќи ги нема многу. Москва најверојатно ќе се сврти кон т.н глупави бомби, бомби без насоки, пишува Политико.
Ј. Ѓ.