ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Околу 550 илјади евра ќе се исплатат на земјоделците од Росоман за штетите од елементарните непогоди во 2021 година

March 24, 2022 15:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Николовски, во присусутво на градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, оствари средба со земјоделци производители на праски од овој регион, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Росоман е една од петте општини каде што земјоделците претрпеа штети од временски непогоди минатата година, а кои имаа доставенo комплетна документација. На денешната средба, која се одржа на отворено, на поле, министерот Николовски лично им соопшти на присутните земјоделци дека сите што имале штети врз земјоделското производство поради временските непогоди минатата година, ќе бидат обештетени.

„Во време на светска криза, во време на затворени пазари целото Министерство е мобилизирано се повеќе пари да стигнат кај земјоделците, фармерите, производителите. Се повеќе мерки и политики да бидат воведени, но секако и да бараме алтернативни пазари во оваа состојба на војна во Европа. Затоа оваа одлука за плаќање на обештетувањето беше врвен приоритет на Министерството и на Владата и затоа 729 баратели – земјоделски производители од Росоман кои имаат штети од измрзнувањето во 2021 година, ќе добијат обештетување од околу 33 милиони денари односно 550 илјади евра“ изјави Николовски.

Владата на една од претходните седници, ја усвои информацијата за обешетување на земјоделците кои претпрпеа загуби од временските непогоди. Според елаборатот доставен од општинската комисија за проценка на штети, ниските температури нанеле штети на овошните насади кои беа во фаза на цветање и формирање на плод. Обешететувањето ќе биде во висина во 10 отсто од вкупно проценетата штета.

Освен Росоман, со одлуката на Владата ќе бидат обештетни и Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце.

Николовски од Росоман, посочи дека на денешната средба со земјоделците разговарано е и за алтернативни пазари за извоз на праски со оглед на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина. Исто така, министерот информираше и за мерките од новата програма за интервентниот фонд и за новиот модел на авансно субвенционирање кој за прв пат старува од оваа година и тоа токму со овоштарите.

Николовски посочи дека Министерството за Финансии веќе работи на потребните документи за да се спроведе исплатата на средствата до граѓаните на Росоман, преку општината. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја префрли вкупната сума за обештетување до општината Росоман, и во најбрз рок од општината да им ги исплатат парите за обештетување согласно доставените пријави.

 

Next Post

Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk