ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коалиција Маргини: Предлог-законот за матична евиденција да се врати во собраниска процедура

March 25, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-законот за матична евиденција, во чии рамки треба да се регулира правното признавање на родот, да се врати во собраниска процедура, побараа денеска претставници од Коалиција Маргини и од Здружението за унапредување на правата на трансродовите лица Трансформа и Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата.

Наташа Бошкова, која е правна советничка во Коалиција Маргини и вклучена во Работната група за подготовка на Предлог-законот, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во медиумите погрешно биле пренесени информации во однос на тоа што содржи Предлогот на законот и бил даден некритички осврт на она што се измените на Законот за матична евиденција.

Таа истакна дека на предлог законското решение било работено повеќе од четири години и оти во самото пишување на Законот од 2018 година учествувале претставници на сите институции. Овој предлог кој се најде во Собрание, вели таа, беше добро осмислен и не беше нешто избразно.

– Сите овие прашања што излегуваат сега во јавноста беа исцрпени во таа Работна група, се отвораа прашања и за брак и за спорт, но сето тоа беше дискутирано и беше решено на начин на којшто сфативме дека Законот за матична евиденција не може да ги регулира сите области, си има специфична цел и предмет и рековме дека сите дополнителни прашања ќе се дорегулираат со други закони од соодветната област, појасни Бошкова.

Според нив, не требаше да се повлече законот, туку дискусијата за тоа што може да се доунапреди или промени требаше да се води во Собранието, со амандмански расправи за да се најде заедничко решение. – Вака, со повлекувањето се враќаме четири години наназад, потенцира Бошкова.

Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини се осврна на некои организации кои „шират параноја“ поврзана со законот, а кои, како што нагласи, се „сомнително финансирани“.

– Нивната цел е всушност да се сопре законот и да се рашири толкава параноја, што тие одат дотаму дека овој закон не само што доведува до истополови бракови, што е глупост, туку е вовед во тоа мажи во спортот да менуваат пол, па да влезат како жени, па да рушат светски рекорди, дека во училиштата ќе се прават унисекс тоалети каде ќе има злоупотреба на девојчиња од страна на момчиња и сл. Овој закон ниту регулира тоалети во училишта, ниту регулира брак, ниту спорт, нагласи Цветковиќ.

Ова, додаде таа, се истите луѓе кои стојат зад иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

– Тие се тука да го сопрат законот со ширење параноја дека ова значи уништување на македонското општество, на светскиот поредок и слично и често се маскирани како загрижени родители, додаде Цветковиќ.

Цветковиќ укажа на тоа дека трансродовите лица немаат можност да патуваат надвор од земјата поради проблеми на граница, како и тоа дека има сериозен отпор овие луѓе да користат здравствена заштита. Овој закон, според неа, ќе го олеснеше интегрирањето на овие луѓе во самиот систем.

– Се прави една генерална забуна меѓу она што се вика медицинска потврда на родот и правно признавање на родот и се мешаат овие две работи. Се користеше термин „закон за промена на полот“. Значи со закон не може полот да се промени, полот е нешто што е биолошки, тој се менува во болница, рече Цветковиќ.

Идејата, како што посочи таа, е за тоа лице кое веќе има родов идентитет, истиот да му биде усогласен со документите.

Лила Милиќ од Трансформа истакна дека сите права им се ускратени и оти односот на институциите е дискриминаторски.

– Ми се случувало да дадам лична карта и да ми кажат дека е фалсификат, и покрај решението од МВР ти викаат ова за мене ништо не важи. Кога и да треба да одам во институција јас се спремам психички прво за сето тоа да го поминам таму и да не се истрауматизирам во ситуации да треба на секое да се објаснувам зошто моите документи не се усогласени, која е причинита итн., посочи Милиќ.

Таа нагласи дека особено имаат проблем со полицијата.

– Остануваме на дното од маргините каде буквално не сме интегрирани во општеството. Од клучно значење е да се донесе законот за да може трансродовите лица да се интегрираат во општеството и на пазарот на трудот да може да ги уживаат сите права како останатите граѓани, заклучи Милиќ.

Next Post

„SAVE UKRAINE“ в недела на скопскиот плоштад, телемост со светски ѕвезди за прекин на руската агресија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk