ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Детската клиника ќе прима деца со онколошки болести од Украина

На 7 април ќе го отвориме новиот онколошки центар кој ќе биде најголем во регионот. Очекуваме пациенти и од соседните држави, така што место и лекови ќе има за сите, вели Софијанова.

March 28, 2022 14:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Беким Сали и директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова договориле отстапување на дел од капацитетот на онколошкиот дел од клиниката за децата бегалци од Украина кои имаат онколошки болести, потврди Софијанова за „Слободен печат“.

– Веќе зборувавме со министерот Беким Сали и се договоривме да отстапиме дел  од онколошкиот оддел на Детската клиниа, доколку биде потребно да се хоспитализираат деца до 18 години, бегалци од Украина. Доколку пак капацитетот што ќе го намениме за нив се покаже како недоволен, тогаш сме подготвени да пренаманиме и некој од другите оддели во Клиниката. Лекови и цитостатици имаме во доволен број. Дел од нив се обезбедени преку донации, а доколку  се појави потреба за зголемен број на лекови истите ќе се обезбедат преку Фондот за здравствено осигурување,  информира Софијанова.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска исто така информираше дека Министерството за здравство е подготвено за прием и прифат на онколошки пациенти, украински државјани кои моментално се во Полска, а се деца на возраст до 18 години, за кои може да се понуди третман и лечење во нашите капацитети на јавното здравство. Покрај тоа, Георгиевска во разговор со првата дама на Полска Агата Корнхаузер-Дуда разговараше и за можноста за прием на лица со атипичен развој, кои би можеле да добијат грижа и сместување во институции и семејства во земјава.

Помош и поддршка на децата со онколошки болести и нивните родители ќе им даде и здружението САНО.

– Здружението САНО, за поддршка на пациенти болни од рак, ќе им понуди на родителите чии деца ќе се лекуваат на Детска клиника онкологија бесплатен престој во родителската куќа, која располага со 8 кревети,, три апартмани и плус уште дно легло. Исто така ќе им обезбедиме и психолошка поддршка и се што е потребно додека трае додека третманот, рече Марија Тасев од Здружението.

Досега на клиниката не е пријавен ниту еден пациент од Украина, но имало пациенти со онколошки болести, бегалци од Авганистан и Сирија.

Директорката на клиниката уверува дека приемот на пациентите од Украина нема да влијае врз квалитетот на работа и третманот на домашните пациенти.

– На седми април ќе го отвориме новиот онколошки центар кој ќе биде најголем во регионот. Очекуваме пациенти и од соседните држави, така што место и лекови ќе има за сите, вели Софијанова.

Извор: Слободен печат
Next Post

Манчини: Оваа репрезентација на Италија можеше да го освои Светското првенство

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk