ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски – Холтхоф-Фертнер: Северна Македонија и Република Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи

Пендаровски порача дека ЕУ мора да преземе стратешки исчекор и принципиелен став кон земјите кои покажаа целосна усогласеност со надворешната политика на Унијата

March 28, 2022 12:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со министерот за европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, на која беше констатирано дека Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски оцени дека соработката со Северна Рајна-Вестфалија, најголемата германска сојузна покраина, несомнено ја збогатува и севкупната билатерална соработка и пријателските врски со Германија, верифицирано и преку потпишаната заедничка декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во тој контекст беше реафирмирана и економската билатерална соработка која и покрај предизвиците со пандемијата, се уште е на високо ниво.

Во фокусот на разговорот беа евроинтеграциите, нашето европско досие во тој контекст, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина, токму на политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, информираат во соопштението.

Претседателот Пендаровски изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна германска поддршка, информираше за последните предизвици кои Северна Македонија ги има на патот кон ЕУ, нагласувајќи дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не само што е заслужен и логичен чекор по одлуката на Советот на ЕУ во март 2020 година, туку во денешниот контекст и безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот, како и на самата Унија.

Пендаровски порача дека ЕУ мора да преземе стратешки исчекор и принципиелен став кон земјите кои покажаа целосна усогласеност со надворешната политика на Унијата, како нивни вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободниот и демократски свет, пишува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Next Post

Ковачевски: Едногласни сме за заеднички регионален одговор на кризата и во поддршката за Украина

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk