Драги пријатели, нашиот редовен проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје. Неговото оддржување за првпат е неизвесно, напиша пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова на својот Фејсбук профил.
„Можам само да кажам дека ќе дадам сè од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме.
Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би ѝ препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца….
Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака!
Ќе најдеме начин заеднички!“, напиша Арнаудова.