пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Секако дека димчињата, вмровците и Алијанса нема да бидат задоволни од Пописот. Првите си тераат туѓи агенди за да ја нема државата, вмровците се за да ја нема државата ако не се тие на власт, а третите, ајде да речеме се збунети. И сето тоа не е никакво изненадување.
За димчињата пописот бил фалсификат, за Антоњо бил нерегуларен, за Алијанса не разбрав што бил.
Она што никако не можам да го поверувам откако ги слушнав резултатите, е дека во моментов во Македонија има +132.000 административно попишани граѓани. Колку од нив се од оние лесни за манипулација „корисни идиоти“ што наседнаа на „бојкотирам попис“ финтите на Апасиев и вмровската болумента? Сигурно сто илјадарче.
Си ги извози Димче тие сто илјади душички така лесно, етнички ги обезличи и ги фрли да кршат глава.
Не знам дали да ми е жал за нив, или да ги сеирам?
Зборувам, нели, за оние кои свесно го бојкотираа Пописот. Тоа се оние со стиропор шлемовачи и вергина тетоважи. По дома, во кафани и на слави силни патриотически дејци со бугарски пасоши во џебовите и тек-тук понекое неопулено лево- десничарско пиле. И тоа не е толку спорно, сами си ја избрале глупочата, колку што е жално и смешно дека еден онаков Димче успеа да ги курдиса по негов ќеф.
А тој, ете им го во прегратките на Путинчо. Се гушка со рускиот амбасадор, ја нарекува државата предавничка, додека си крка државна пратеничка плата од илјада и кусур евриња, им прави шашми дека ќе колел-бесел за правда, ако се добере до власт,
Тој уствари, токму на овие корисни идиоти ѝ цели. Си ги меси, си ги калапи, како му е воља. Бога ми, 100 бона ич не се за потценување како гласачка бројка, па биле тие и корисни идиоти.
И што направија гревовите што го бојкотираа Пописот? Ништо. Ги попишаа административно, само што не се внесени во графата за етничка припадност, мајчин јазик и вероисповест. Сами себе се убиле во македонштината им.
Чудното е што знаеа дека ќе бидат попишани во секој случај, а сепак бојкотираа. Што бојкотираа? Кого го бојкотираа побогу?
Секако дека истите сега ќе ги нас’скаат да пукаат со гневни ќорци по власт, држава, краља и отаџбину. Те методот не чинел, те предавници…. Наместо да ги чукнат тоа главите и да размислат како тоа дозволија да ги изигра едно такво политички смешно ликче како Апасиев, тие ќе квичат по социјални мрежи.
Ха, и Слави се побуни, малку му биле Бугари. Спрема бројот на издадени бугарски пасоши требало и тие да се +130.000, а не само 3.500 колку што се изјасниле како Бугари на Пописот.
Ќе да биде весело ова, може ќе испадне дека сме 5 милиона, без Кинезите.