На денешната презентација на резултатите од Пописот спроведен минатата година, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги соопшти следниве резултати:
- Вкупно попишано население 2.097.319
- Вкупно резидентно попишано население 1. 836.713
- Нерезидентно население 260 606
Вкупно попишано население според изјаснувањето за етничка припадност:
- 54,21% Македонци
- 29,52 Албанци,
- 3.98 % Турци
- 2.34% Роми
- 0,44 Власи
- 1.18 Срби
- 0.87 Бошњаци
Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност:
- 58,44 % Македонци
- 24.30 % Албанци
- 3.86 % Турци
- 2.53 % Роми
- 0,47 % Власи
- 1.30 % Срби
- 0,78 % Бошњаци
Вкупно нерезидентно население опфатено со Пописот во кое спаѓаат Државјани на Р.С.М. отсутни во странство повеќе од 12 месеци, или вкупно 258.932 лица.
- 24,45 % Македонци
- 66,36 % Албанци
- 4,79 % Турци
- 1.02 % Роми
- 0,19 Власи
- 0,35 Срби
- 0,81 % Бошњаци