Пирати, спајдермени, бетмени сите херои од цртаните филмови ја посетија Општина Центар. Дечињата од градинката 13 Ноември не насмеаја со првоаприлски шеги и песнички, напиша на Фејсбук, Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.
„Пирати, спајдермени, бетмени сите херои од цртаните филмови ја посетија Општина Центар. Дечињата од градинката 13 Ноември не насмеаја со првоаприлски шеги и песнички.
Детските насмеани лица се нашата најголемата радост и наше е да ги задржиме на нивните лица.
Општина Центар продолжува со обезбедување подобри услови за децата“, пишува во објавата.
М. А.







