ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Најдобар начин да ја осигураме демократијата е преку образованието и образовните политики

April 1, 2022 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски порачa дека демократијата не треба да биде привилегија на само една генерација граѓани, туку траен систем на уредување на општеството и политиката за многу генерации во иднина.

„Во таа насока, убеден сум дека најдобар начин да ја осигураме демократијата е преку образованието и образовните политики“, порача претседателот, додавајќи дека градењето на идните генерации на демократи мора да биде неизоставен дел од нашиот образовен систем. „ Старо правило е дека за да опстои, на демократијата и требаат демократи, а демократите не се раѓаат, туку се создаваат низ сложени професионални и животни процеси“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека демократијата во светот, а особено во транзиционите општества се наоѓа во егзистенцијална опасност, и дека ваквите тенденции се посебно видливи кај младата популација.

Во обраќањето, претседателот се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува светот, пандемијата и руската агресија врз Украина.

„Оваа војна е спротивна на целокупниот меѓународен правен и политички поредок и отвора прашања за иднината на меѓународната заедница. Сликите што ги гледаме од Украина не враќаат во мрачното минато на тоталитарниот свет и се спротивни на се во што верувавме и се боревме после крајот на Студената војна“, рече претседателот Пендаровски.

Според него, сите овие околности ја оптоваруваат нашата дневнополитичка агенда уште повеќе, и влијаат врз оформувањето на ставовите на нашите најмлади полнолетни сограѓани, кои имаат право на глас и право да бидат политички активни.

Поради тоа, додаде претседателот, учениците треба да имаат можност да се образуваат со цел да знаат како да донесат информирана политичка одлука. „Како да направат разлика меѓу демократските политички идеологии од една и радикализмот и тоталитарните идеологии од друга страна. Помеѓу легалната и легитимна демократска политичка борба од една страна и борбата против демократијата и слободата, од друга. Меѓу вестите и вистината и дезинформациите и пропагандата. Меѓу вистината и лагата, меѓу борците за слобода и непријателите на слободата“, рече претседателот.

За таа цел, истакна претседателот Пендаровски, иницираме поширока општествена дебата за модалитетите на вклучување на демократското политичко образование во нашиот формален образовен систем.

„За оваа иницијатива сметам на поддршката на сите институции, а пред се, на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, на академските институции, на професорите во училиштата и на ученичките организации, на граѓанските здруженија и на синдикатите во образованието. Очекуваме поддршка и од власта и од опозицијата бидејќи сметаме дека обезбедувањето на демократскиот поредок е натпартиска задача што ги надминува сите наши линии на поделби. Доколку ние, како креатори на јавните политики, не ја преземеме иницијативата, тогаш нашите деца и внуци ќе бидат средство за манипулација во рацете на манипулаторите и радикалите. Сите сме свесни дека во политиката не постои празен простор и затоа е подобро ние да го пополниме, а не непријателите на слободата“, истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

На конференцијата свои излагања имаа министерот за образование и наука,  Јетон Шаќири,  претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, професор на Правниот факултет при УКИМ и советник на претседателот, Александар Љ. Спасов,  домашни и странски професори,  како и претставници од владини организации, граѓанскиот сектор и меѓународни фондации.

Конференцијата е во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, a поддржана од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Next Post

Завршени расправите по предлог-законите за платежни услуги и платни системи и за спречување перење пари и финансирање тероризам

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk