ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски од Берлин: Ги спроведуваме реформите и усогласувањата на земјоделските политики со ЕУ

April 5, 2022 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, денеска министерот Николовски, учествуваше на министерската Конференција во Берлин која е во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во своето обраќање на конференцијата, министерот Николовски посочи дека Северна Македонија континуирано и посветено работи на  спроведувањето на реформите и усогласување на земјоделските политиките со Европската Унија. На конференцијата министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине овој период на  глобална економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работата на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

„Република Северна Македонија активно учествува и придонесува во градењето на меѓусебната доверба и во развојот на добрососедската и регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во Европската Унија. Земјоделството е важен сектор во Северна Македонија и трет по големина по услугите и индустријата. Придонесува со околу 15 отсто во БДП вклучувајќи ја и преработувачката индустрија и околу 20 отсто во вработеноста. Германскиот министер Џем Оздемир не увери дека ЕУ ќе ја даде потребната поддршка за земјите од Западен Балкан. Како држава членка денес инициравме  проширување на функциите на работната група со цел организацијата да ја преземе улогата на регионален спроведувач на политиките и да ја преземе клучната улога во проектите кои ќе дадат видливи резултати и придобивки и за земјоделците и за руралните бизниси – директно и индиректно“, изјави министерот Николовски.

Министерот потенцираше дека Северна Македонија навреме презема мерки за намалување на негативните последици од економската криза врз земјоделството. На иницијатива на министерството, а со цел да се намалат последиците од новите нарушувања на меѓународниот пазар на земјоделски производи, е подготвен „Национален план за производство на храна“ кои содржи  сет мерки за поддршка на производството на храна преку зголемена финансиска поддршка на поледелските култури за пролетна и есенска сеидба, програма за распределба на земјоделско земјиште за производство на житни култури, интервентен фонд, како и дополнителни мерки преку донесување Стратегија за производство на храна и стратешки култури во 2022 година.

Овој нов сет мерки за финансиска поддршка во земјоделството ќе придонесе за ублажување на последиците предизвикани од зголемените трошоци на растително производство, употреба на ѓубрива и други трошоци за земјоделско производство.

Дополнително на конференцијата, министерот Николовски посочи дека министерството води долгорочна политика за поддршка на земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија, преку национални субвенции и преку проекти поддржани од ЕУ, ФАО, Светска банка и други меѓународни организации и билатерални партнери како и многу проекти преку ИПА/ИПАРД програмите во земјоделскиот сектор со средствата од ЕУ кои се 100% реализирани. Исто така, континуирано се приближува националното законодавство од областа на земјоделството кон законодавството на ЕУ.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот,  претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир а  копретседавач беше генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем посветен на свежи производи „FRUIT LOGISTICA“.

Next Post

(АНКЕТА) Што мислат „обичните“ Руси за инвазијата врз Украина - Да се збрише од лицето на Земјата, да се уништи нацистичкото ѓубре...

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk