ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Богоевски за најновите тужби: Не знам зошто толку ги нервирам во последно време

April 6, 2022 13:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

РЕАКЦИЈА НА (уште една) ОПОМЕНА ПРЕД ТУЖБА

Друштво, кога врне, истура. Овој пат, Левица и Апасиев ми испратија нова опомена пред тужба, само неколку денови по онаа од Орце.

Не знам зошто толку ги нервирам во последно време, ама би сакал да го упатам следново:

ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА НАВРЕДЛИВИ И КЛЕВЕТНИЧКИ ИЗЈАВИ

Според наводите на барањето (примерок од барањето и сите други матерјали се во коментарите), на 13.03.2022, во моја „колумна на веб-страната на Слободен печат со наслов „Каракачанов и Апасиев се управувани од исти центри на моќ““ сум ја навредил политичката партија Левица, со тоа што сум ги нарекол „нацисти“.

Во текстот говорам како Азов во Украина не смее да биде оправдување за руската инвазија и на крајот од текстот правам споредба со политичкото дејствување на Левица во Македонија. Запазете само дека не се навредени од насловот, туку од квалификацијата ‘нацисти’.

Понатаму, Левица и димче бараат да се извинам и за мојата изнесена клевета во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, каде на 07.03.2022 реков дека „Левица за финансирањето на Парламентарните избори во 2020 година примила руски пари кои се директно влезени на сметката на партијата“.

На крајот, потсетувајќи ме дека „ПП Левица во државата е единствена партија која ги штити интересите на обичните луѓе, партија на трудот, со доминантен акцент на работниците и земјоделците…“, бараат од мене „во духот на градење идни стандарди на аргументирана и цивилизирана демократска дебата, ослободена од лаги, спинувања и тенденциозни манипулации“ јавно да се извинам и да ги повлечам моите изјави на истото место и во истиот обем како и кога сум ги дал.

Се разбира дека немам намера да се влечкам по судови и да ја бранам мојата слобода на говор пред луѓе кои очигледно не знаат што значи тоа. Затоа, дозволете на димче, кој воедно е и законски застапник на Левица, да му се извинам за СЕ’ што сум му згрешил, навредил или наклеветил:

Извини димче, што Левица ги нареков нацисти. Најверојатно сум се збунил од твојата објава, каде твојот целосно ненацистички повик за „чистење на Републиката од квинслинзи и сечење на секоја рака која ќе тргне против народот“ ја нарекуваш како #ЛевПатриотизам, кој очигледно сум го помешал со национал-социјализмот, т.е. нацизмот.

Затоа еве, јавно тврдам дека Левица не се нацисти. Според моето скромно мислење, тие се само една радикална популистичка партија со ужасно контрадикторна идеологија, која отворено кокетира со екстремите на двете страни од политичкиот спектар со цел да собере што е можно повеќе гласови од напатениот македонски народ, чие јавно мислење свесно го радикализира во политички цели, без да води сметка за последиците од тоа.

Извини димче, што реков дека на сметката на Левица се влезени руски пари. Не се влезени руски пари, влезени се македонски пари – денари, од Раководител на Рускиот центар во Македонија. Впрочем, тој е единствениот впишан донор во вашиот Финансиски извештај за парламентарните избори во 2020 година. При што, се согласувам со Крмов дека станува збор за „ситна донација“, но не и дека „не значи ништо“.

Извини димче, што ние како општество ти дозволивме да стигнеш до овде. Ти дозволивме преку твоите бројни, за мене глупави, квази-политички смешки, досетки и агресивни навреди целосно да го уништиш јавниот политички дискурс во Македонија.

Извини што денес, можеш со сериозно лице да се закануваш со тужби и да бараш заштита на „аргументирана и цивилизирана демократска дебата“, додека отворено велиш дека „сите ќе ги стрелаш“.

Извини што како општество, во екот на најголемата воена закана кон западните демократски вредности и свирепото убиство на цивили во Украина, ти дозволуваме да ја браниш Русија и да го парадираш рускиот амбасадор низ нашето Собрание… симбол на нашата кревка демократија и потсетник што се случува кога на автоританите режими ќе им се даде власт. И сето тоа во својство на претседател на политичка партија која се дрзнуваш да ја дефинираш како „пацифистичка“.

За крај, знам дека бараш ова извинување да е во истиот формат како и навредувачките и клеветничките изјави. Но, не можам да го сторам тоа. Прво, изјавата дека Левица се нацисти не ја дадов во колумна на Слободен Печат, туку во моја објава на ФБ на 04.03.2022, која потоа ја имаат преземено Слободен Печат. Мојата објава е избришана.

Понатаму, не можам да ти се извинам преку „Само вистина“ во законски предвидениот рок, бидејќи изборот на гостите во емисијата зависи од уредниците, а не од мене. Ама, се обврзувам дека во моето следно гостување ќе го направам тоа. Којзнае, може ќе имаш храброст да ми се придружиш ти или Крмов, па ќе можам конечно да ви изнакажам во лице се’ што мислам за твојата, за мене одвратна и антидржавна партија.

п.с. Ќе заборавев – Слава и’ на Украина, димче!!!

Фејсбук објава од Павле Богоевски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk