ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руска пропагандна диверзија со краток рок и низок дострел

Иако релевантните светски медиуми не посветија ни малку внимание на видео снимките објавени од проруски профили на социјалните мрежи, тие добија голем простор во дел од македонските медиуми. Пак. (ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ВО ТЕКСТОТ)

April 6, 2022 12:06
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите Нации попладнето на 5 април. Пред ОН и светската јавност, Зеленски презентираше шокантно видео со докази за воените злосторства што руските агресори ги извршија врз цивилното население во повеќе области во Украина.

„Руската војска, со предумисла, барала луѓе кои ѝ служеле на нашата земја во Буча, за да ги убие. Тие пукаа и убиваа жени и деца. Цивилите биле прегазени од тенкови додека седеле во своите автомобили. Жените биле силувани и убивани пред очите на нивните деца“ – сведочеше Зеленски во ОН.

Како „одговор“, руската пропаганда преку Твитер, лансираше кампања со видео снимки на кои се гледаат лица во украински униформи кои, наводно во Днипро, брутално апсат група луѓе во цивилна облека. Снимките од настанот, меѓу другите, ги објави @JazzDeus во коментар на Твитер, изразито антизападен профил кој изобилува со дезинформации и теории на заговорот.

Видеото го објави и @JazzDeus, Твитер профил кој води проруска и антизападна пропаганда.

На видео снимките објавени и на низа други профили на Твитер, очигледно е пречекорувањето на овластувањата (удирање на веќе совладаните лица). Наводно, според Твитер профилот @VeraVanHorne, се работи за припадници на Службата за безбедност на Украина (СБУ) која, наводно, апси цивили.

Твитер профилот @VeraVanHorne објави информација дека СБУ апсела цивили во Днипро.

Но ништо не е потврдено. Нема одговор на основните прашања што мора да ги содржи секоја вест за да биде веродостојна. Но затоа има безброј отворено проруски и релативизирачки коментари.

Непознато: Кога се случува настанот?

Колку пригодно! Видео снимките се појавуваат токму во денот кога Зеленски се обраќа во Советот за безбедност на ОН, но нема информација кога навистина е снимен тој материјал. Нема ни проверка на веродостојноста на снимките.

Кон пропагандата се приклучи и украинскиот новинар и видео блогер Анатолиј Шариј, кој е познат по своите пропагандистички активности за поддршка на режимот на Путин и воената агресија врз Украина.

Објава на Телеграм од прорускиот новинар и пропагандист, Анатолиј Шариј.

Непознато: Што е причината за апсењето?

Повеќето, очигледно проруски профили, наведуваат дека се работи за недолжни цивили кои им се противеле на украинските власти. Други тврдат дека се работи за акција на СБУ против диверзантско-терористичка група. Трети дека се работи за апсење на колаборационисти и насилници кои работеле за руските окупаторски сили. Ниту една верзија од настанот не се занимава со факти, извори, линкови.

Очигледно е дека снимките не служат за инфомирање, туку имаат поинаква употребна вредност – пропаганда. Затоа никој не се погрижил да ги обработи податоците професионално, туку во пропагандистички манир. Значи, нема официјални изјави, а ниту обид да се побараат одговори.

Уште помалку е јасно како се дошло до информациите за позадината на настанот. Од каде дошле Твитер „репортерите“ до податоци за причината поради која лицата во украинска униформа ги приведуваат (и ги тепаат) цивилите на снимките? Патем, сите приведени лица се прилично корпулентни, а и се противат на апсењето. Што секако, не е оправдување за нивното тепање откако се совладани. Сепак, останува нејасно кои се луѓето, кога се случило, каде точно, зошто, како, кои се изворите…

Пропорции

Конечно, ако се споредат пропорциите на воените злосторства во видеото што го прикажа Зеленски пред ОН, со тоа што проруските твитераши го пласираа истиот ден, тепањето во „контра снимките“ изгледа како руски балет.

Доволно е да се опише само една од фотографиите што денеска Зеленски му ја покажа на светот: Купиште мртви тела на семејство застрелано и фрлено во јама, на чиј врв се гледа голо детско тело со врзани раце.

Мариупол, Украина, 2022, фотографија од видеото што го презентираше украинскиот претседател Володимир Зеленски за руските воени злосторства пред Советот за безбедност на ОН, на 5 април 2022.

Кој ја лапна пропагандната јадица?

Симптоматично е времето на објавување на овие видео снимки што во најголем дел ги дистрибуираат проруски Твитер профили од различни краишта на светот. Повеќе од очигледна е намерата да се релативизираат ужасните злосторства што ги изврши и сѐ уште ги извршува руската војска врз невооружени цивили низ Украина. За само неколку дена се документирани неколку стотици случаи на стрелање цели семејства, касапење и силување.

„Контранападот“ на руската пропаганда не вроди со плод, така што овие снимки не се „пробија“ во релевантни и кредибилни светски медиуми кои редовно и темелно ги проверуваат фактите и имаат свои дописници на теренот. Сепак, се чини дека дел од македонските медиуми ја „лапнаа“ руската пропагандна „јадица“ и ги објавија крајно сомнителните „извори“ на Твитер и на тој начин придонесоа кон релативизација на воените злосторства и ја манипулираат јавноста со непроверени видео снимки чија веродостојност не е проверена.

Димна завеса

Оваа руска пропагандна диверзија е само димна завеса со краток рок и низок дострел. Воедно, ова е илустрација за тоа како функционира една пропагандна акција. Сепак, ако видео снимките со апсење во кое се употребува прекумерна сила треба да бидат „противтежа“ на грозоморните сцени и ужасите што руската војска ги оставија зад себе, неуспехот е целосен.

Повторно, овде не се работи за соодветен одговор на воената „доктрина“ со која систематското убивање и силување на цивилите ѝ служи на целта да се скрши украинскиот отпор. Се работи за задоволување на потребите на оние чии симпатии се и онака на страната на рускиот агресор, па им се дава „сламка“ на која ќе се фатат и ќе кажат дека, ете, сите се исти. Накратко, видовме уште една многу лошо изведена пропагандна диверзија. Руската пропаганда сѐ повеќе наликува на самата воена агресија: валкана и брутална.

 

Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)

Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0 (назив и линк до изворот)
Next Post

Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk