ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(СВЕДОШТВА) Руски војници силувале со нож под грло, обљубени мајки пред деца, тортура, изживување и хорор

Силување - најодвратното оружје во војна.....Цело време ми го држеше пиштолот блиску до слепоочницата. Двапати пукаше во таванот и рече дека тоа му дава поголема мотивација - изјавила измачуваната 31-годишна жена, за „Хјуман рајтс воч“. Според сведокот, после тоа војникот ја силувал. Кога побарала дозвола повторно да се облече, војникот и дозволил да го носи само горниот дел. Повторно била силувана од руските окупатори, со нож на вратот.

April 6, 2022 09:05
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога руските војници дојдоа во градот, одеа од врата до врата и им го одземаа оружјето на луѓето, мобилните телефони, а понекогаш и нивните домови. Тие побараа од сите да ги идентификуваат „нацистите“ во соседството, нарекувајќи ги „бандеристи“ – по група украински националисти, формирна за време на Втората светска војна, пишува Blic.rs.

Потоа, во едно јужноукраинско село, Русите упаднале во дворот на 59-годишен професор по математика и го однеле со своето блиндирано возило, изјавила неговата сопруга.

Ветија дека ќе го вратат до вечер“, изјавила таа за Вашингтон пост.

Украинските сили жестоко го бранеле градот Миколаив, и успеаја да ги  блокираат Руските сили во обидите да напредуват кон стратешки клучното црноморско пристаниште Одеса, одалечено околу 80 километри во југозападен правец.

Кога руските сили не можеа да поминат низ Миколаив минатиот месец, тие се обиделе да го заобиколат, навлегувајќи во областа на малите, рурални населби северно од градот.

Русите пристигнаа во колони оклопни возила и ги окупираа овие населби околу 10 дена пред да бидат протерани од украинските воени сили.

Во интервјуата за „Вашингтон пост“ во последните денови, жителите изјавија дека биле тероризирани од руските окупатори. Нивните приказни јасно покажуваат на на злоупотреба и насилството врз невооружените цивили, кои би можеле да се користат како доказ во потенцијалните случаи за воени злосторства против армијата на рускиот претседател Владимир Путин.

Владимир Путин

Мачења, тортура и убиства

Слични приказни се појавија во последните денови и од областите околу Кијив кои до неодамна беа под руска контрола. На места како што се Ирпин и Буча, жителите исто така опишуваат злоупотреба, тортура и убиства од страна на руските  војници.

Селаните од кај Миколаив велат дека војниците неколку пати им се заканувале со оружје.

Тие упаднаа во продавниците и ограбувале, земали сладоледи и други производи, велат мештаните.

Некои луѓе рекоа дека нивните автомобили биле украдени. Други опишаа дека војниците ги принудувале да ги напуштат своите домови, за да можат да живеат таму.

In Motoyzhyn, 4 bodies lay in a shallow grave in the woods. 3 have been identified—Olha Sukhenko, her husband Igor, her son Oleksander, left on the woods’ edge, half-buried. Olha was village’s mayor. Her hand and her son’s face are visible through the dirthttps://t.co/zt1GGkGGSg

— Alfons López Tena ? (@alfonslopeztena) April 5, 2022

Сите зборуваа дека Русите бараат луѓе за кои Кремљ и Путин тврдат дека се фашисти. Луѓето во селата рекоа дека им рекле на војниците дека таму нема нацисти.

Во Локин, земјоделско село со околу 2.000 жители, Татјана Божико ја продолжи потрагата по својот сопруг и откако Русите ненадејно ја напуштија областа на 18 март. Нејзините соседи го пронашле неговото мртво тело закопано следното утро. Таа рече дека го обележале гробот додека едната скршена рака излегувала од свежо натрупаниот куп земја.

Телото на Серхиј било толку крваво што локалниот лекар не и дозволил на сопругата да го види. Нејзиниот син Володија рече дека сликите од телото што подоцна го прегледал покажале дека Серхиј имал повеќе прострелни рани и скршеници на екстремитетите, што укажува дека најверојатно бил мачен пред да биде убиен.

Татјана стоела до гробот на сопругот, каде повторно било погребано неговото тело. Таа носеше црн шал преку косата, со рацете свиткани околу срцето додека тивко му говори  на новинарот.

– За неколку месеци требаше да го прославиме неговиот 60-ти роденден. Наместо тоа, го закопуваме – рече таа.

„Нова власт“

На 12 март, Светлана Федурко нервозно ѕиркала низ прозорецот од нејзината спална соба, додека четворица војници со митралези се приближувале до вратата. Кога ги поздравила, рацете и беа стиснати во тупаници во џебовите.

Сигурно изгледав исплашено, рече таа, бидејќи првото нешто што ми го рекоа тие, е да не се грижам.

– Ние сме новата власт овде. Дојдовме да воспоставиме ред – вели и рекле.

– А има ли неред? – прашала таа.

Федурко рекла дека војниците се идентификувале дека се од самопрогласената Народна Република Доњецк, сепаратистички регион во источна Украина. Изгледа дека веќе знаеле дека таа е „глава“ на селото, што е функција слична на градоначалничката, но без никаква законодавна моќ.

Друга жена, Наталија, рече дека и таа добила впечаток дека војниците генерално знаат кои се сите во тоа место и каде живеат.

Федурко имаше најмногу интеракции со војниците. Ја прашале колку деца живеат во тој крај и кој поседува огнено оружје. Тие доаѓаа кај неа дома секое утро и секоја вечер, рече таа. За време на утринските посети ѝ даваа задачи, а вечерта проверуваа дали ги завршила.

Една од работите што војниците побараа беше дистрибуција на „хуманитарна помош“, рече таа, но само компири и кромид. Украдоа од некои земјоделци во градот. Најчесто со вперен пиштол ја тераа да прави работи, како на пример да им најде вода или да им помогне да се направи леб во индустриската мелница.

Војниците на руската армија пристигнаа три дена по сепаратистичките сили, рече Федурко. Ја принудиле да ги отвори плакарите во Градското собрание и ги одзеле документите. Никогаш не го симнаа украинското знаме кое е закачено пред зградата, како што обично прават за да покажат дека тие се главни. Никој не знаеше зошто овој пат не го сторија тоа.

Руски војници во Мариупол

Потоа, еден ден, рече таа, оклопен транспортер застанал пред нејзината куќа, а војниците и рекле дека нивниот командант сака да разговара со неа. Русите пронашле пиштол во куќата на маж во селото. Федурко постојано им кажувала на војниците дека осум лица во градот имаат дозвола за ловечки пушки. Но, ова лице го немало на тој список. Сега ја сметаа за одговорна.

Ја испрашуваа повеќе од три часа, рекла таа. Се испостави дека човекот добил пиштол кога владата понудила оружје на секој што сакал да помогне во одбраната на земјата. Но, никогаш не беше застрелан. Федурко ги молеше војниците да го пуштат. Командантот одговори дека ќе размисли, рече таа. Но, тој инсистирал „старци нема да пуштиме“.

Тогаш Федурко за првпат слушнала дека некој друг бил заробен од Русите. Таа го прашала името на „старецот“, но војникот само рекол дека е „наркоман“.

„Но во селото селото нема наркомани“, рекла таа.

Дури откако било откриено неговото тело, Федурко сфатила дека тој „старец“ којшто Русинот го споменал, е нејзиниот пријател и сосед Серхиј Божико, со кого работела во локалното училиште речиси една деценија.

„Тој беше човек што никогаш и никого не повредил. Беше учител, не само за децата, туку и за сите нас – рече таа.

Убиен  началникот на селото

Според Би-Би-Си, во градот Буча недалеку од Кијив, руските сили ја убиле „поглаварката“ на градот,  нејзиниот сопруг и синот, велат украинските власти.

Ужасот од она што се случи за време на руската окупација на ова место конечно излегува на виделина, јавуваат британските медиуми.

Во подрумот на зградата во која некогаш се наоѓаше детскиот социјален центар, пет тела лежеа на земја – пет мажи облечени во цивилна облека, со врзани раце зад грб.

Некои биле застрелани во главата, други во градите. Тие сѐ уште не се идентификувани, но украинските власти соопштија дека мажите биле земени како заложници од руски војници и егзекутирани.

– Слушнавме дека пукале. Имаме среќа што сме живи – изјави Влад, еден од волонтерите кои ги носеа телата од подрумот.

Влад опишал дека слушнал еден маж како ѝ се јавува на сопругата која излегла на улица да земе вода, а потоа слушнал истрел од пиштол. Подоцна ги нашол и мажот и жената мртви.

In Motoyzhyn, 4 bodies lay in a shallow grave in the woods. 3 have been identified—Olha Sukhenko, her husband Igor, her son Oleksander, left on the woods’ edge, half-buried. Olha was village’s mayor. Her hand and her son’s face are visible through the dirthttps://t.co/zt1GGkGGSg

— Alfons López Tena ? (@alfonslopeztena) April 5, 2022

– Можам да ви раскажам толку многу приказни, но не сакам. Сакам да ги заборавам – рече тој.

Недалеку, во селото Мотојзин, четири тела лежеле во плиток гроб во шумата. Идентификувани се тројца, 51-годишната Олха Суенко, нејзиниот сопруг Игор и нејзиниот син Олександер, кој имал 25 години.

Олга била „глава“ на селото. Се верува дека таа и нејзиното семејство биле убиени под сомнение дека им помагале на украинските војници и биле оставени на работ од шумата, половично закопани.

Силувањето како воено оружје

Жените ширум Украина се борат против заканата од силување како воено оружје што го користат руските сили, бидејќи сѐ повеќе докази за сексуално насилство се појавуваат од воените зони во Украина, пишува Гардијан.

Додека руските трупи се повлекуваа од населбите и предградијата околу главниот град Кијив,  за да ги пренасочат воените напори кон источна Украина, жените и девојките во полицијата, медиумите и организациите за човекови права, пријавија злосторствата што ги претрпеле од руските војници.

Групните силувања и силувањата извршени пред деца се меѓу сведоштвата собрани од инспекторите.

Олха (ова не е нејзиното вистинско име)  побара засолниште кај нејзината мајка, браќата и сестрите и петгодишната ќерка во подрумот на училиштето во Малаја Рохан, село во регионот Харкив, што руските сили го окупираа од 25-ти февруари.

На 13 март околу полноќ, руски војник вооружен со автоматска пушка и пиштол насилно влегол во училиштето. Наредил 40 селани во подрумот и ѝ рекол на Олха да ѝ го предаде детето, a таа го одбила.

По неколку часа и наредил да го следи од подрумот до училницата на вториот кат, каде ја натерал да се соблече.

– Цело време ми го држеше пиштолот блиску до слепоочницата. Двапати пукаше во таванот и рече дека тоа му дава поголема мотивација – изјавила измачуваната 31-годишна жена, за „Хјуман рајтс воч“.

Според сведокот, после тоа војникот ја силувал. Кога побарала дозвола повторно да се облече, војникот и дозволил да го носи само горниот дел. Повторно била силувана од руските окупатори, со нож на вратот.

Извор: Blic.rs

Обработка: И. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk