Ескалацијата на конфликтот во Украина ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови барајќи безбедност, заштита и помош. Повеќе од четири милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, повеќето заминале во соседните земји на ЕУ.
Вооружените конфликти ги зголемуваат ризиците од трговијата со луѓе за ранливите популации преку зголемување на економскиот очај, слабеење на владеењето на правото, намалување на достапноста на социјалните услуги и принудувањето на луѓето да бегаат.
Според најновите податоци на УНХЦР- Бегалска ситуација во Украина – портал за податоци на УНХЦР од 5 април, бројот на бегалци од Украина изнесува 4.278.789, од кои најголемиот број се во Полска, 2.490.447.
Волонтери патролираат на полската граница за да ja пополнат опасната празнина во заштитата на ранливите бегалци
Жените и децата бегалци кои бегаат од војната во Украина во Полска се мета на осомничени макроа и сексуални трговци кои работат сами и во банди, според добротворните организации кои работат на границата, пренесува The Guardian.
Волонтери патролираат на полската граница за да ja пополнат, како што велат, опасната празнина во заштитата на ранливите бегалци.
„Ги регистриравме првите случаи на осомничени макроа кои „ловат“ Украинки во близина на пунктови за засолништа за бегалци во Лублин; совладувајќи ги, понекогаш агресивно, под превезот на нудење превоз, работа или сместување“, рече Каролина Вирцбинска, координаторка во Хомо Фабер, организација за човекови права со седиште во полскиот град Лублин.
„Ова не се само мажи“, рече таа. „Има и жени кои се обидуваат да измамат жени бегалци на автобуските станици.
Вирцбинска рече дека имало и тимови на луѓе кои работеле заедно за да се обидат да намамат жени во неидентификувани автомобили.
„Гледаме тимови кои чекаат луѓе кои пристигнуваат од Украина и се преправаат дека нудат возење или сместување на жени вознемирени и исцрпени од нивното патување“.
Таа објасни дека се забележани и повеќе парови, обично машки и женски, кои патувале до границата со автомобил, обидувајќи се да намамат жени, користејќи слични тактики.
„Ние интервенираме во такви случаи така што му приоѓаме на лицето кое дејствува сомнително и бараме од него да се регистрира во нашиот именик за волонтери – како одговор на што тие обично бегаат“ – вели Вербицинска.
Во изминатите неколку недели, исто така, било забележано пристигнување на групи мажи во воени униформи кои тврдат дека се таму за да ги заштитат жените и децата што ги минуваат границите, откако хуманитарните организации изразија стравување дека бегалската криза ќе предизвика бран на трговија со луѓе и експлоатација.
Портпаролот на локалната полиција истакнал дека немаат информации за воена група или нивните намери, но негирал дека има странски војници на границата.
Многумина од мажите одбиле да одговорат на прашања за нивното присуство на границата, велејќи дека се таму за „да помогннат“. Сите мажи одбиле да бидат фотографирани.
Покрај веќе хаотичната мешавина на хуманитарни групи, власти и локални волонтери, доаѓањето на поединци во воена облека создава конфузија околу тоа кои се официјалните безбедносни сили на граничните точки – ситуација која им помага на трговците со луѓе, посочуваат експертите за The Guardian.
Како бегалците од Украина стануваат жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација
Хаосот на војната сега е зад нив, но вистината е дека тие не се целосно безбедни ниту надвор од Украина.
„За предаторите и трговците со луѓе, војната во Украина не е трагедија“, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Твитер – „Тоа е можност – а жените и децата се целта.“
For predators and human traffickers, the war in Ukraine is not a tragedy.
It’s an opportunity – and women & children are the targets.
They urgently need safety and support every step of the way.
— António Guterres (@antonioguterres) March 16, 2022
Познато е дека трговија со луѓе е присутна во Украина и соседните земји постојано, „маглата“ на војната е совршено покривање за зголемување на бизнисот на трговците со луѓе.
Каролина Вирцбинска, координаторка во Хомо Фабер, организација за човекови права со седиште во Лублин, потенцирала за BBC дека децата претставуваат огромна грижа.
Многу млади патуваа надвор од Украина без придружба. Различните процеси на регистрација во Полска и другите погранични региони, особено на почетокот на војната значеа дека децата исчезнуваат, а нивното сегашно место е непознато, истакна Вирцбинска.
Вербицка за BBC раскажува дека се запознала со Маргарита Хусманов, украинска бегалка од Киев во нејзините рани 20-ти. На прашањето: Дали се чувствува ранливо? „Да“,одговорила таа.
„Жените и децата доаѓаат овде од страшна војна. Тие не зборуваат полски или англиски. Тие не знаат што се случува и веруваат во она што некој ќе им каже. Секој може да се појави на оваа станица. Првиот ден кога волонтирав, видовме тројца мажи од Италија. Тие бараа убави жени за сексуалната трговија. Повикав полиција и се испостави дека сум во право. Тоа не беше параноја. Тоа е ужасно“, истакнала Хусманов.
Маргарита вели дека локалните власти сега се повеќе организирани. Полицијата редовно патролира во станицата. Луѓето (главно мажи) со картонски табли до примамливи дестинации, кои биле присутни во првите неколку недели од пристигнувањето на бегалците, во голема мера исчезнале.
Според голем број на извори на BBC, други поединци кои имаат лоши намери сега се претставувале како волонтери.
Елена Москвитина се огласила на Фејсбук за да ја подигне свеста. Сега е на безбедно во Данска, но нејзиното искуство е застрашувачко. Заедно со нејзините деца преминале од Украина во Романија. Тие барале превоз подалеку од границата.
Москвитина опишала како лажни волонтери во бегалски центар ја прашале каде престојува. Тие се појавиле подоцна во текот на денот, ѝ рекле дека Швајцарија е најдоброто место каде можат да ја однесат со комбе полно со други жени. Елена за BBC рекла дека мажите ја гледале неа и нејзината ќерка со чуден поглед. Нејзината ќерка се исплашила.
Ја замолиле да им го покаже синот кој бил во друга соба. Го погледнаа горе-долу, рекла таа. Потоа инсистирале таа да патува со никој друг освен нив, и се налутиле кога побарала да ги види нивните лични карти. За да ги оддалечи мажите од семејството, Елена им ветила дека ќе отиде кога другите жени ќе бидат во нивното комбе. Но штом заминала, тие ги грабнале децата и истрчале.
Луѓето во Полска, Германија, ОК и на други места ги отворија своите домови за бегалците, повеќето со најдобри намери. Но, за жал, не сите.
Ирена Давид-Олчик, извршен директор на варшавскиот огранок на невладината организација за борба против трговија со луѓе Ла Страда, изјавила дека трговијата со луѓе се случува, со војна или без војна. Но, голем број на изјави од жени и деца од Украина значи дека случаите на експлоатација и злоупотреба ескалираат.
Ирена за BBC ги наведува тинејџерите бегалци како посебна грижа. „Сите ги познаваме тинејџерите, нели? Тие се несигурни. Сакаат прифаќање и признавање“, вели таа.
„Ако се бегалци кои се далеку од дома и нивните пријатели, тие се уште полесно да се искористат. Девојките можеби ќе го сакаат вниманието што им го даваат постарите мажи. Или момците ќе се запознаат со кул девојка на нивна возраст, која има ги кани на забави. Така почнува. Не заборавајте, не се само мажите макроа, трговци и насилници“.
Очајните украински бегалци кои пристигнуваат во Полска мета на трговците со луѓе
Според полската група за човекови права Хомо Фабер, „шверцерите со луѓе се секогаш први на сцената на секој конфликт“. Хомо Фабер е дел од пошироката група на организации кои ги предупредуваат украинските жени и девојки за потенцијалната закана мажите да ги намамат во замка со нереални ветувања.
„Последниве неколку дена, имаше извештаи за мажи кои стојат околу автобуските станици или железничките станици“, вели Ана Дабровска, од Хомо Фабер, за CGTN.
Во седиштето на групата во подрумот на културниот центар Лублин во источна Полска, Дабровска споделува за CGTN некои од повиците што ги добиле на нивната 24-часовна телефонска линија за итни случаи.
„Една жена (бегалец од Украина) се јави на нашата инфо линија велејќи дека штотуку пристигнала во Лублин и маж ѝ понудил работа. Ние и рековме да не ја презема работата. Потоа добивме уште еден сличен повик и уште еден“.
Дабровска објаснува дека овие мажи и жени нудат профитабилни работни места и домови на новодојдените бегалци; „Сè што треба да направите е да влезете во автомобилот со нив“.
Претходно на март, 19-годишна Украинка била намамена во куќата на маж што не го познавала. Тие се запознале преку Интернет, а таа немала каде да оди во Полска, па ја прифатила неговата понуда. Кога пристигнала, тој ја силувал. Подоцна бил уапсен од полската полиција. За жал, нејзиниот случај не е единствен, истакнала Дабровска.
Уште еден маж бил приведен на граничниот премин Медика откако бил слушнат како ветува работа и соба на 16-годишно девојче.
Мажите шетаат низ гужвата, држејќи знаци за бесплатен превоз, додека рачно напишаните хартии залепени на ѕидот нудат бесплатно сместување во различни градови на ЕУ – потенцијално атрактивна понуда за оние во странска земја со малку повеќе од нивните деца.
Предупредувањата за потенцијалните ризици од странци се испратени низ сите платформи на социјалните медиуми, а табли висат од ѕидовите околу центрите за прифаќање и сместување бегалци во многу земји од ЕУ.
Дабровска од Хомо Фабер предупредува дека се зголемува бројот на жени кои се јавуваат на нивниот број за информации кои известуваат за трговија со луѓе.
Мажите во Полска бараат слободни Украинки
Поради стравувањата дека трговците со луѓе и насилниците може да ги таргетираат украинските бегалци, ITV News откри некои мажи во Полска кои рекламираат сместување исклучиво за слободни Украинки.
Приближно 2,5 милиони Украинци избегаа во Полска за време на војната – бегалската криза за која предупредуваат Обединетите нации е можност за експлоатација.
Поради оваа загриженост, безбедноста е засилена на полската граница. Официјални лица изјавија за ITV News дека сè уште не забележале ништо непријатно, но истрагата на ITV News откри докази за мажи кои активно бараат слободни Украинки.
Претставувајќи се како девојка во нејзините 20-ти години, новинарите на ITV News одговарале на рекламите од гореспоменатите мажи.
Еден човек им одговорил дека нема потреба да се регистрира закуп кај него никаде.
„А ако сакате, кога ќе дојдете кај мене, ќе одиме на местото за регистрација“, додал тој.
„За жал, ова не е соба…само бесплатен кревет… ова е голем стан… па друго лице лесно ќе се вклопи“ – се вели во одговорот на еден од тие што рекламирале вакво „гостопримство“.
Друг маж прашал: „Дали имаш маж или момче во војната? Дали планираш да донесеш некого овде? Затоа што се согласувам само на едно лице.“
Џоана Гарние, од добротворната организација за борба против трговијата со луѓе Ла Страда, потенцирала дека огласите пронајдени од ITV News се „измама“.
„Ги знаеме случаите, на пример, сместување за секс, со години знаеме дека тоа се случува. Но сега, за мене, тоа е одвратно“, рече Гарние.
Литванија отвори истрага за сомнителни посвојувања, можна трговија со украински деца
Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, во своето обраќање во пленарната сала на Европскиот парламент.
Таа ја потенцираше опасноста од трговија со луѓе во услови на долготрајни воени дејствија.
„Околу два милиони деца избегаа од Украина. Многу деца сега се соочуваат со нова опасност“, рече Јохансон.
“Children are at the top of our agenda. Our aim: to protect children, from war zone to safe home”.
My speech on the EU protection of children and young people fleeing the war against #Ukraine
at #EPlenary today 👇 https://t.co/BMEms3lMOP pic.twitter.com/XfX0xJ8FYM
— Ylva Johansson (@YlvaJohansson) April 5, 2022
Еврокомесарката нагласи дека од почетокот на војната, руската војска убила 158 деца и тоа не треба да остане неказнето. Истакнувајќи ја важноста на улогата на УНИЦЕФ, Евроџаст и Европол, кои работат на превенција од трговија со деца.
„Треба да знаеме каде се овие деца – сите 2 милиони. Ниту едно дете не може да исчезне“, рече Јохансон.
Според неа, исто така, треба да се регистрираат и давателите на домување и транспорт за бегалците да знаат кој е безбеден и кому можат да му веруваат.
Мартина Ацковска