Во изјава за 360 степени Лидија Чолакова Дервишова ги потврди информациите коишто ги објавивме, дека месечно добива по околу 3.600 евра за капитација.
Лидија Чолакова Дервишова претседателката на Здружението на приватни лекари, која се појавуваше во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ ги предводи протестите на матичните лекари, додека е платена далеку повеќе од просечната плата на граѓаните во земјава.
Таа месечно за капитација добива по околу 3600 евра месечно. Колку повеќе приходи очекува Чолакова-Дервишова за да биде задоволна, веројатно знае само таа и во нејзината партија.
Чолакова-Дервишова и во екот на пандемијата на коронавирусот ширеше лажни вести и ја омаловажуваше работата на нејзините колешки и колеги, кажувајќи дека намерно се крева паника за вирусот за да се покриел напливот на мигранти.
Очигледно е дека активистката на ВМРО-ДПМНЕ нема интерес да помогне на лекарите и лекарската фела, туку единствено се грижи за своите приходи и успехот на опозициската партија. Со ова признание, протестот што го организира и предводи Чолакова добива сосема друга димензија и контекст.
Д. Е.