Активистот и поранешен пратеник Павле Богоевски прашува – зошто би ја менувале власта во чиј мандат се гонат функционерите, со онаа која ќе убиваше пратеници и ќе предизвикаше граѓанска војна.
„Многу ми е смешно кога пајташите на вмро бараат оставка на Влада и предвремени избори секогаш кога има постапка против функционер од власта“, пишува Богоевски на Фејсбук.
„Најозбилно прашувам. Зошто би ја менувале власта во чиј мандат се гонат функционерите, со онаа која ќе убиваше пратеници и ќе предизвикаше граѓанска војна, само за да ги спаси своите?“, прашува Богоевски.