ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лесниот пешадиски баталјон оспособен за извршување на својата мисија според НАТО-стандардите за борбена готовност

April 8, 2022 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашните активности на теренската вежба „Блесок-22“ и завршување на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, заврши оценувањето на Лесниот пешадиски баталјон (ЛПБ), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО.

Генералштабот на Армијата информира дека на денешното соопштување на оценката од страна на набљудувачите и директорот на оценувањето, беше истакнато дека сите предвидени активности, согласно листата на инциденти, се извршени на највисоко професионално ниво и официјалната оценка е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“.

– Директорот на националниот тим оценувачи, полковник Ивица Цветковски, како заклучок на целиот спроведен процес од страна на оценувачите врз основа на увидот во извршувањето на задачите, истакна дека Лесниот пешадиски баталјон како НАТО цел на способност, според стандардите за оценување на борбената готовност на копнените сили на Здружената команда за операции на НАТО, е способен за извршување на својата мисија. Од страна на главниот претставник на тимот од НАТО набљудувачи кој го следеше процесот и примената на методологијата на оценување, потполковник Тимо Колман денеска, на иницијалното соопштување на оценката, истакна дека задачата на тимот кој го предводи е согледување на подготвеноста на декларираната единица во исполнување на оперативните приоритети на НАТО во согласност со стандардите на оценување, информира ГШ на Армијата.

Колман истакна дека како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија има извршено солидно планирање и подготовка на оценувачкиот процес, за што говори фактот дека ги има исполнето повеќе од потребните 50 проценти сертифицирани оценувачи, според стандардите на НАТО, што е извонредно достигнување.

-За Република Северна Македонија ова е првата единица оценувана според стандардите на оценување на борбена подготвеност, како членка на НАТО. Јас сум одушевен од посветеноста и професионалноста на тимот за оценување, рече Колман.

Согласно НАТО-процедурите и стандардите, од 4 до 8 април во касарната „Јане Сандански“ во Штип и на армискиот полигон „Криволак“ оценувањето го спроведе национален тим за оценување составен од 27 оценувачи, од кои 23 оценувачи сертифицирани од страна на НАТО, при што беа оценети 16 настани и 42 инциденти.

– За време на вежбата, Лесниот пешадиски баталјон ја покажа подготвеноста за извршување на комплексни и сложени борбени задачи, согласно листата на инциденти.Во рамки на сценариото, од страна на баталјонот, беа демонстрирани процедури при сценирани инциденти за време на изведување на патролирање, конвој, набљудувачница, обезбедување база, кордон и пребарување, како и постапки при непријателски пропагандни активности и дезинформации, артилериски напад на база, медицинска евакуација, справување со толпа и нападни операции со баталјон. Притоа од страна на оценувачите се оценуваа процедурите и извршувањето на задачите, односно се демонстрираа тактичките способности за остварување на мисијата која ја има единицата, соопшти ГШ.

Оценувањето на Лесниот пешадиски баталјон е прво оценување на поголем состав на Армијата на Република Северна Македонија, по нашето полноправно членство во НАТО, со кое, како што наведува Генералштабот, „ја докажуваме нашата подготвеност во исполнувањето на преземените обврски од целите на способности на армиските капацитети“.

По завршеното оценување, единици од состав на лпб в понеделник, на денот на високи гости, пред армискиот и државниот врв ќе изведат тактичка вежба на која ќе го демонстрираат нивото на оспособеност и обученост за извршување на борбени задачи.

Next Post

ЕУ и официјално го усвои петтиот пакет санкции против Русија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk