ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот

Колку е подалеку Брисел, толку е поблиску Москва. Колку помалку Европа на Балканот, толку повеќе простор за Русија. Украина не е далеку и сите ги чувствуваме последиците

April 9, 2022 11:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката партија, каде е и панелист во делот на кој се разговараше на темата „Регионот, Европа, безбедноста“, соопштија од неговиот кабинет.

– Несомнено, надворешната политика, односите со Европа, безбедноста и меѓусебните односи на земјите од Југоисточна Европа, се акутни теми за кои со последните настани во Источна Европа треба да се мултиплицираат активностите и да се третираат овие прашања повнимателно од кога било. По интензивната соработка меѓу нашите политички сили во рамките на Западен Балкан, единствена цел има да се отстранат дисонансите за неспорната цел кон патот или патеките кои ќе не водат до заедничката цел, интеграцијата во ЕУ и НАТО. Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивни и суштински пристапи во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, рече Груби.

Во секој проект на регионална соработка, посочи тој, еден од нас е најмалку трет, а во некои случаеви дури и четврт, и следствено ниту една одлука за целиот регион и шесте од Западен Балкан не може да се донесе без наша согласност и затоа не треба да се двоумиме од иницијативите за дијалог и соработка.

– Јасно е дека секоја наша земја има свои карактеристики, но во овој контекст би подвлекол дека институционалната и националната координација или постојаните консултации како денешните се повеќе од неопходни, пред да ги поставиме нашите позиции пред институциите на ЕУ или другите регионални и меѓународни субјекти. Сепак, за нас европската интеграција е единствената алтернатива. Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот. Јасната перспектива за членство во ЕУ е од суштинско значење за стабилноста на регионот, затоа проширувањето мора да се изврши веднаш, веднаш, без одлагање и без никакви двоумења. Колку е подалеку Брисел, толку е поблиску Москва. Колку помалку Европа на Балканот, толку повеќе простор за Русија. Украина не е далеку и сите ги чувствуваме последиците, истакна Груби.

Потенцира дека солидарноста денеска со Украина несомнено значи интеграција без ниту едно одложување на Албанија и Северна Македонија, заедно, неразделни како и што вели вашето денешно мото на овој конгрес.

Бидејќи Балканските конфликти не беа доволни сигнали за потребата од европска интеграција на регионот, тогаш, нагласи Груби, Украина е аларм за сите доцнења и недостигот на консолидација на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.

– Во 2008 година во Букурешт, билатералниот спор со Грција не одвои од нашето заедничко патување со Албанија и Хрватска кон НАТО. Оваа затворена врата и немањето перспектива не доведе до изразот „заробена држава“ и е една невидена криза. Попуштивме и се пожртвувавме како ниедна друга земја со цел да бидеме дел од НАТО, со 11 години задоцнување, но вредеше. Денес, во 21 век, уште една апсурдна полемика од 18 век ни ја држи вратата на Брисел затворена во лице. Ни се случува Мариупол, Буча, Киев, Луганск, Доњецк, војни, здравствени кризи, економски, воени кризи, вртоглави цени и несигурност насекаде, а ние во 2022 година треба да одлучиме кој што бил и на кој јазик зборувал во 1945 година. Гледам дека Европската Унија ја изгубила лозинката за надминувањето на насобраните проблеми и не може да ја најде затоа што некој ја сменил и во последните 50 дена до ден денес лозинката е Украина, со големо У, додаде првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. /МИА/

Next Post

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk