Русија ги признава огромните загуби на војската на Путин во војната во Украина. Ковчези со ликвидирани окупатори масовно доаѓаат во сите региони на Руската Федерација, пренесува Обозревател.
Пропагаторите веќе не можат да го кријат огромниот број на загинати. На мрежата се појавија слики од погребите на руските напаѓачи ликвидирани од украинските војници.
IDEALIST.media собра податоци за загубите на Руската Федерација во Украина од руските ТВ канали. Колекцијата е импресивна.
Имаме значителни загуби“, изјави Дмитриј Песков. И овој пат не излажа. Тела на војници во црни кеси веќе не можат да се сокријат. И целата тајна станува јасна. Карго-200 (шифра за загуби) пристигнува во сите региони на Русија. Нешто тргна наопаку… Па дури и Песков навестува дека можеме да завршиме и со преговори“, наведуваат новинарите.
Да потсетиме дека на 7 април, во интервју со странски новинари, прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков призна значителни загуби на руските трупи во Украина. Но потоа тој последователно се обиде да се оправда пред Русите за овие зборови. Тој зборуваше и за крајот на руската војна против Украина во „догледна иднина“.
подготви: Ж. Димовски