ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Луѓето кои извикуваат „Слобода за уставобранителите“ знаат дека бранат злосторство

April 9, 2022 14:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Пандов во среда од Прилеп ќе ги брани злосторниците. Да потсетиме, за да не заборавиме: „Крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година беше атак најпрво кон Албанците, а потоа кон Заев и сите останати пратеници.

Вчера ја видов објавата на Александар Пандов на неговиот фејсбук налог, повикува на протест пред затворот во Прилеп, па уште го дефинира протестот, релативизирајќи го злосторството и крвавите глави, со зборовите: „За слобода на уставобранителите“.

Луѓето кои ќе се најдат пред затворот во Прилеп, не го релативизираат крвавиот четврток на 27-ми април 2017 година затоа што не знаат што во Собранието се случи, туку го релативизираат крвавиот четврток затоа што многу добро знаат што таму се случи.

Тоа е исто кога некој ќе ви рече: „тоа што имам истетовирано кукаст крст на раката, што сум ја дигал десната рака и сум извикувал ‘Heil Hitler’ не значи дека сум нацист“. И уште ќе ви рече: „кога беше нацизмот, јас не бев роден“. И уште може да ви рече: „како јас би можел да бидам нацист кога во нацистичките злосторства не учествував“. Или во нашиот контекст може да речат: „Јас само ги бранам ‘уставобранителите’“. Па, да, јасно.

Опозиционата стратегија на Александар Пандов и неговата партија може да ја наречеме: „извинете, ние сме малку глупави, ама намерите ни се најдобри“. На прв впечаток ќе биде цинично и смешно, ама нема да биде точно. Опозиционата стратегија (односно политика) се однесува на ревизионизам за блиското минато од 27-ми април 2017 година.

Туку да се вратиме на темата. Кој знаеше за идејата на Груевски за упадот во Собранието? Кој знаеше дека треба да се нападнат Албанците откако Талат Џафери беше назначен за спикер на Собранието? Кој знаеше дека тоа беше најпрво напад кон Албанците, а потоа и напад на сите други? Кој знаеше дека после крвавата главата на Села, следна крвава глава ќе биде на Заев? Вистината е: Сите знаевме!

„Крвавиот четврток“ на 27-ми април не беше никаков изолиран случај, не се работеше ниту за „исклизнување“ од стратегијата според која се одвиваше перманентната граѓанска војна цела една декада во Македонија.

Да заклучиме за вистината која безброј пати е повторена.

Луѓето кои во среда, на 27 април, пред затворот во Прилеп ќе извикуваат „Слобода за уставобранителите“ тоа нема да го прават затоа што не знаат дека се случи злосторство во Собранието, туку обратно, тие ќе ја извикуваат оваа парола затоа што знаат дека се случи злосторство. Александар Пандов ќе извикува „Слобода за уставобранителите“ не затоа што не знае дека се случи злосторство во Собранието, туку обратно, ќе извикува затоа што многу добро знае дека се случи злосторство во Собранието.

На крај, да ви кажам уште нешто. Не постои колективна вина за „Крвавиот четврток“ на 27-ми април 2017 година. Ниту еден човек заради својата припадност не е виновен за тоа што конкретни луѓе од неговиот народ направиле злосторства. Но, кога колективот ќе се впушти во релативизирање или негирање на злосторствата од „Крвавиот четврток“, тој, своеволно и при полна свест, станува соучесник со злосторниците.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 

Next Post

Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земји зајакнуваат и во време на криза

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk