Бојан Маричиќ упати искрени честитки преку неговиот фејсбук профил по повод Денот на македонскиот јазик, 5 Мај.
Тој во неговата честитка изјави дека Македонскиот јазик и идентитет се признаени како автентични меѓу европските идентитети.
-Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија, – изјави меѓу другото Маричиќ.
Тој исто така истакна: „Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.“
-Ова е меѓународно признавање на макeдонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски, – рече Маричиќ во неговата изјава.
Ј.Џ. / Цивил Медиа