Утрово, на 5 мај се појави алармантен наслов на веб страницата на Светската вселенска агенција со седиште во Лунибург, во рубриката Вселенски феномени, кој во превод гласи: Ударни вести: Исчезнување на нација во Југоисточна Европа, според вселенскиот телескоп Џим Бин.
„Во неверојатно откритие, Светската вселенска агенција откри впечатливи снимки од вселенскиот телескоп Џим Бин што укажуваат на претстојното исчезнување на една мала нација од Југоисточна Европа! Останете во тек додека истражуваме во овој чин на космичко исчезнување!“ – се вели во кратката вест придружена со две фотографии.
Редакцијата се обрати до Светската вселенска агенција со молба да обезбедат повеќе информации, особено затоа што се однесува на Југоисточна Европа, каде што се наоѓа и нашата земја.
Одговорот пристигна веднаш. На наше големо изненадување, одговорот гласеше:
Откријте ги сите одговори токму во вашата веб страница. Нурнете во најновиот опинион текст на господин Тричковски: „Последната колумна во Слободна Македонија“.
Го пренесуваме одговорот од Светската вселенска агенција во оригинал:
Discover all the answers right on your own website. Dive into Mr. Trickovski’s latest opinion piece: ‘The Last Column in Free Macedonia.’
Во продолжение, скриншот од текстот на официјалната веб страница на Светската вселенска агенција.
Не ни останува ништо друго освен да ја препрочитаме колумната од нашиот ценет Автор: „Последната колумна во слободна Македонија“.
Рене Декарт
Специјален дописник на Првата линија од Лунибург