ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Ниту една стратегија за хибридни закани не може целосно да биде имплементирана ако во неа не учествуваат сите актери во државата

April 9, 2022 11:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите земји ќе продолжат да се соочуваат со закани и предизвици и од државните и од недржавните актери кои користат хибридни закани кои ги таргетираат нашите политички институции, нашето јавно мислење, но пред се безбедноста на нашите граѓани, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на Регионалната школа за безбедност 2022, насловена „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз регионалната безбедност“, во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел, пренесува МИА.

Со ваков еден поглед кон иднината, повеќе од потребно е прво да се започне со деконструкција на концептот за да се разберат неговите методи и влијанија и да се изградат соодветни размислувања и решенија.

Современата безбедносна слика, посочи Петровска, се карактеризира со комплексни закани кои во суштина се изменети од периодот од пред две децении.

– И од таа причина нужно е потребно разбирањето и визијата за одбраната на општеството преку препознавање на современиот спектар на закани да биде се поприсутен и посеопфатен. Заканите доаѓаат од државни и од недржавни актери кои се повеќе користат механизми на мека моќ, тоа значи дека не се воени дејствија, меѓутоа се политички, еконмски, информациски методи на дејствување и кои имаат една единствена цел а тоа е да ги ослабнат институциите, економиите но и општествата во целина и со тоа да предизвикат загрозување на безбедноста. Земајќи го во предвид тоа дека современите закани имаат комплексна содржина, се наметнува и потребата од тоа како ќе одговориме на тие закани, рече Петровска, посочувајќи дека Република Северна Македонија неодамна ја има донесено стратегијата за хибридно дејствување и во одредена мера е започната со нејзината имплементација.

Според министерката Петровска, цели на хибридните закани се да ја загрозат довербата во демократијата, ги слабеат институциите на земјата, креираат внатрешни конфликти и тензии и можат да создадат проблеми помеѓу соседите во некој регион и да ја слабеат довербата во евро-атланските вредности што ги застапуваат НАТО и Европската Унија.

– Хибридните закани се најсериозниот предизвик на современото живеењево кое живееме. Тие се асиметрични, неконвенционални и немаат одредена територија и стриктна област во која дејствуваат. Можат да бидат применливи за повеќе видови на напади, од нарушување на безбедноста на институциите, но и бизнис секторот до ослабување на одбранбените системи на државата, а се разбира и граѓаните не остануваат нетаргетирани или нападнати од ваквиот тип на закани. Дезинформациите не се новина, тие се составен дел на хибридните закани, меѓутоа како ново орудие на хибридното дејствување се сметаат за сериозна закана за демократијата и за стабилноста на таа земја. Дезинформациите не се право на говор. Тоа се однапред добро осмислени неточни информации кои што имаат за цел да создадат во најмала рака конфузија во општеството, рече Петровска.

Посочи дека секогаш кога сакате да спроведете некоја реформа или стратегија или сакате да имате успех во дејствувањето, треба да преземете и да спроведете сеопфатен процес, бидејќи, како што појасни, ниту една стратегија, особено стратегија за хибридни закани не може да биде целосно имплементирана ако во неа не учествуваат сите актери во државата.

– Наша цел како претставници на институции, актери во општеството е да создадеме заедничка цел за приордата на хибридните закани, да ја пробудиме свесноста за нивното постоење, да ги мапираме обврските и на носителите и на сите учесници, да ги идентификуваме начините на дејствување, како и да креираме ресурси за градење на национална отпорност со ангажирање на целокупното општество, додаде министерката Петровска.

Тридневната Регионална школа нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу студентите, професорите и практичарите од земјите од регионот, а воедно ги испитува тесните грла за соработка и координација во борбата против хибридни закани. Школата, меѓу другото има цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката во справувањето со хибридни закани.

Next Post

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk