Русија продолжува да измислува нови изговори за инвазијата на Украина. Новата цел на војната што ја започна Кремљ во предвечерието ја објави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, објави Prozoro.net.ua.
Според пропагандните РИА Новости, целта на таканаречената „специјална операција“, според министерот, е борба против доминацијата на САД во светот.
„Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромислената експанзија и непромислениот курс кон целосна доминација на Соединетите држави и, под неа, на останатите западни земји на меѓународната сцена“, рече Лавров.
Превод: Жорж Димовски