ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реализиран твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“

April 14, 2022 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор и претставници на националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, присуствуваа на завршниот настан од твининг проектот “Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризам”, информираат владините служби.
Проектот беше финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на единицата за специјални операции Карабиниери, заедно со агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Италија во период од три години.

На завршниот настан свое обраќање имаа заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, заменикот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Џулијан Васало, претставничката од италијанската амбасада Алесандра Латини, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и заменик директорката на Агенција за разузнавање Александра Бакревска Додовска.

За реализацијата посебно се осврнаа и двајцата проектни лидери на овој проект, националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски и бригадниот генерал Никола Конфорти од Република Италија. Постојаниот твининг советник – потполковникот Масимо Пани ги објасни во детали реализираните активности и финансиската конструкција на целокупниот проект.

Националниот координатор, Златко Апостолоски, упати благодарност до Европската Унија за истакнатата посветеноста за успешна реализација на проектот, кој битно влијае на зајакнување на капацитетите на институциите во Република Северна Македонија во борбата против тероризмот. Тој изрази надеж дека ќе продолжи континуираната соработка со безбедносните институции на членките на Европската заедница како и со Република Италија.

Учесниците на проектот констатираа дека поставените цели, за зајакнувањето на ефикасноста и ефективноста на националните органи за гранична контрола, управување со миграциските текови, борбата против тероризмот и организираниот криминал, со ставање посебен фокус на зајакнување на техничките и административни капацитети за откривање, истрага и спречување на тероризмот, со овој проект се успешно реализирани.

 

Next Post

Почина актерката Мајда Тушар

Shortcut

Најново

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk