ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Новиот Закон за работни односи ќе биде донесен преку дијалог со социјалните партнери

April 14, 2022 08:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика работи на новиот Закон за работни односи. Во мај е продолжувањето на средбата на работната група со што ќе ја добиеме нацрт верзијата која треба да оди на јавна расправа. Ниедно прашање кое што ги допира работните односи и создава обврска за работодавачите или за работникот не треба да биде донесен надвор од дијалогот со синдикатот и работодавачите,“ рече министерката за труд и социјалана политика, Јованка Тренчевска во гостувањето  на ТВ Стар, Штип.

Министерката истакна дека Економско Социјалниот Совет постои за сите измени и предлози за законите кои го допираат прашањето за работни односи ќе поминат низ дијалог во кој учествуваат сите релевантни чинители на тоа прашање. Само на тој начин ќе дојдеме до решение за кој ќе имаме консензус од едната и од другата страна.

„Во новиот предлог Закон за работни односи ќе бидат вклучени и решенијата за прашањата во делот на периодот за склучување на договорите за определено работно време каде што имаме постигнато консензус меѓу работодавачите и синдикатите“, додаде Тренчевска.

Министерката зборуваше и за социјалната реформа, донесена 2019 година.

„Целта беше да се намали сиромаштијата и да се интегрира ранливата категорија на граѓани во општеството, затоа социјалните надоместоци се зголемија за 300%, воведовме и Гарантирана минимална помош која ја замени социјалната помош и беше насочена кон оние граѓани кои се материјално необезбедени. Беа воведени и низа други социјални надоместоци кои делуваа директно кај ранливата категорија на граѓани,“ изјави Тренчевска.

Таа посочи дека Буџетот на МТСП е ликвиден, парите за надоместоци се предвидени граѓаните во текот на 12 месеци ќе добиваат навреме надоместоци кои се исплаќаат во првите денови од месецот. Во периодот од 2021-2022 година, 1000 нови домаќинства  се корисници на ГМП со тоа потврдуваме дека системот за социјална заштита е способен да ги апсорбира сите оние граѓани на кои им е потребна социјална заштита.

„Системот за социјална заштита ги опфати и Центрите за социјална работа, начинот на работа, водителите на случај, поголема присутност на терен на социјалните работници како и зајакнување на вештините, за да можат да ги понудат подобри  услугите кои им се потребни на  граѓаните и на зајакнување на самите центри со нови вработувања. Од 2019 до денес постојано се води сметка за нови вработувања исклучиво во делот на стручниот кадар, се примаат исклучиво социјални работници педагози и психолози, правници, профил кој што е дел од стручниот тим, а  се работи и на меѓуинституционална соработка каде имаат обуки  за да крајниот резултат е подобра услуга до граѓаните“, објасни Тренчевска.

Next Post

Продолжуваат штрајкот и преговорите за повисоки плати во образованието, СОНК чека понуда

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk