ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна

Премиерот Ковачевски дополни дека истото се однесува и во делот на сточарството, односно ќе бидат зголемени субвенциите за глава во овчарството во делот на предадени јагниња во делот на кланичната индустрија, потоа во делот на одгледувањето на свињите, односно за сé она што се чува за тов, исто така и во живинарството, односно субвенционирање на секоја дополнителна живина која што веќе носи јајца.

April 15, 2022 13:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски на Економскиот форум во организација на „Finance Think“, зборуваше за важноста од стратешкиот пристап за одржливо земјоделско производство.

„Оваа криза нé научи дека мора да се инвестира стратешки, како што зборував пред малку во енергетиката, исто така и во земјоделството. Затоа, веќе е направен нов интервентен фонд оваа година, програмата е веќе направена во која што клучни за инвестирање се пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, второ полјоделството и трето сточарството и нормално овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Исто така, во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансна исплата на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им требаат на земјоделците средствата за да може да инвестираат во насадот, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени сумите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво. Дополнително за секое зголемено производство по хектар на пченка и на пченица ќе следува зголемено дополнително ниво на субвенција, што значи дека веќе субвенциите со оваа мерка ги пренесуваме од полето на импут на моделот на аутпут на она што ќе биде произведено. Исто така, истите тие површини ќе бидат субвенционирани и со зелена нафта која што ќе биде во зголемен износ по хектар обработена површина со оглед на зголемените цени на енергенсите“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски дополни дека истото се однесува и во делот на сточарството, односно ќе бидат зголемени субвенциите за глава во овчарството во делот на предадени јагниња во делот на кланичната индустрија, потоа во делот на одгледувањето на свињите, односно за сé она што се чува за тов, исто така и во живинарството, односно субвенционирање на секоја дополнителна живина која што веќе носи јајца.

„Со тоа треба да се зголеми производството на храна во државата. Ова е само почеток, за ова се веќе определени 400 милиони денари сега во програмата. Меѓутоа, веќе Министерството за земјоделство, Министерството за економија и Министерството за финансии, работат на подготовката на Програмата и на Буџетот за 2023 година каде што доминантно ќе биде инвестирањето и субвенционирањето во стратешките култури, така како што сега ги набројав. И дополнително, овоштарството да не го заборавам, веќе работиме на изнаоѓање на пазари за оние, особено за јаболката и за другите овошни култури кои што се продаваат доминантно во Украина и Русија каде во моментот е невозможно да се воспостави транспорт ниту пазар, меѓутоа и тоа производство е со зголемена поддршка од државата“, додаде Ковачевски.

Next Post
Украина. Фото: Алексеј Фурман

Левитс: Тоа што го видов во Украина може да се нарече геноцид

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk