ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Претседателот на ССК, Ангелоски за „Политика“: „Отворен Балкан“ е можност за економски раст на регионот

April 15, 2022 10:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Отворен Балкан“ е идеја која ќе заживее, бидејќи ги поврзува претпријатијата од нашите земји, а особено ќе придонесе за унапредување на соработката во туристичкиот сектор како еден од најпогодените во кризата, вели во интервју за српскиот весник „Политика“ претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски.

-Не е логично да имаме одлична економска соработка со некои земји од Западна и Средна Европа, а да нашите производители се непознати за соседите, со кои сме близу и имаме минимални трошоци за транспорт. Нашите стопанства се комплементарни и се надополнуваат. Затоа мора да бидеме рационални и прагматични, да ги оставиме предрасудите и да гледаме на економската соработка која може да ни донесе подобро утре, истакнува Ангелоски.

Тој ја нагласува потребата владите во Србија, Северна Македонија и Албанија да отворат зелени коридори и за патниот сообраќај, не само за товарниот, како и да се забрзаат бирократските процедури, бидејќи, како што вели, „немаме повеќе време за губење, многу потрошивме до сега“.

-Бариерите кои постојат негативно влијаат на деловната активност на малите и средни претпријатија. „Отворен Балкан“ би требало за овозможи поттикнување на создавањето на услови за овие претпријатија да можат  да соработуваат без потешкотии со соседните земји и на тој начин да им се овозможи долгорочен развој, напоменува Ангелоски и додава дека постои голем потенцијал за заеднички настап на странски пазари во услужните дејности, бидејќи „иако сме поединечно мали за глобалниот пазар, заедничкиот настап креира поголеми можности“.

Осврнувајќи се на кризата во Украина, Ангелоски оценува дека „нè промовира како безбеден регион и дека во таа насока треба да се преставиме во подобро светло, да ја поправиме инфраструктурата и да станеме подостапни за странците надвор од нашиот регион, да нè запознаат подобро и да создадеме квалитетни услови за живот, работа и за економска активност“./МИА/.

Next Post

Руски војник оставил проштална порака за својот брат во Русија: „Не доаѓај овде!“

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk