ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинско МНР: Депортираните украински деца во Русија се соочуват со закана од „незаконско посвојување“

April 15, 2022 10:02
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинското министерство за надворешни работи предупредува дека украинските деца кои се депортирани во руски семејства се соочуваат со закана од „незаконско посвојување“.

МНР на Украина во четвртокот лиферуваше соопштение во кое пишува дека „руските окупатори“ продолжуваат да „ги кршат нормите на меѓународното право и прибегнуваат кон неприфатливи дејства“, вклучително и принудување на раселување на украинските граѓани, како што се децата, пренесува The Hill.

„Во текот на тековната целосна агресија на Руската Федерација против Украина, руските окупатори продолжуваат да ги кршат нормите на Меѓународното право и прибегнуваат кон неприфатливи дејствија – незаконско и принудно раселување на украинските граѓани, вклучително и деца, меѓу кои и сирачиња, деца лишени од родителска грижа, како и деца чии родители загинале како резултат на воената агресија на Русија, преку државните граници на нашата држава до територијата на Русија“, пишува во соопштението на МНР.

Од МНР велат дека постои „еклатантна закана за незаконско посвојување на украински деца од страна на руски државјани без почитување на сите неопходни процедури утврдени со законодавството на Украина“.

Министерството повика голем број власти, вклучително и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, „да се креираат итни мерки за враќање на украинските деца на територијата на нашата држава .“

Во соопштението се посочува конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, која, според Министерството, бара од страните во меѓународниот договор, вклучувајќи ги Русија и Украина – да вложат напори да се борат против нелегалното движење и неуспехот да се вратат децата од странство.

Министерството за надворепни работи на Украина наведува дека тоа е „цинично непочитување“ на основните закони и обичаи на војување и човекови права за Русија да се обиде да обезбеди легитимна основа за своите постапки.

„Обидите на Кремљ да обезбеди „легитимна“ основа за своите криминални дејствија на територијата на Украина се цинично непочитување на основните закони и обичаи на војување и универзално признаените човекови права…Кршејќи го Меѓународното хуманитарно право и основните стандарди на хуманост, Русија е ангажирана во државно организирано киднапирање на деца и уништување на иднината на украинската нација“, пишува во соопштението на МНР Украина.

Обработка: И. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче на Канал 5: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи

July 15, 2025

Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

July 15, 2025

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата и движењето на Македонија во правилна насока

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk