ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Брод со 750 тони дизел потона во близина на Тунис

Министерството за животна средина предупреди дека постои ризик од истекување на гориво во морето и дека министерствата за одбрана, внатрешни работи, транспорт и царина работат на спречување на можна „поморска, еколошка катастрофа во областа“. 

April 16, 2022 14:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потона денеска кај југоисточниот брег на Тунис, но засега нема истекување гориво, изјави портпаролот на локалниот суд Мохамед Кари.

„Бродот потона утрово во територијалните води на Тунис. Засега нема истекување гориво“, рече Кари.

Тој додаде дека „сега ќе се состане комисија за спречување катастрофи и ќе одлучи какви мерки да преземе“.

Министерството за животна средина соопшти дека бродот во петокот побарал влез во територијалните води на Тунис поради лошите временски услови.

Бродот, изграден во 1977 година со знаме на Екваторијална Гвинеја, исплови од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од заливот Габеш, водата почнала да навлегува во бродот и машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метра.

Туниските власти евакуираа седум членови на екипажот, грузијскиот капетан на бродот, четворица турски морнари и двајца од Азербејџан.

Екипажот накратко бил хоспитализиран, а потоа сместен во хотел.

Министерството за животна средина предупреди дека постои ризик од истекување на гориво во морето и дека министерствата за одбрана, внатрешни работи, транспорт и царина работат на спречување на можна „поморска, еколошка катастрофа во областа“. /МИА/ .

Next Post

(ВИДЕО) Бакунец: Време е да се донесе предлог-закон за забрана на Московската патријаршија во Украина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk