Како што Русија ја менува тактиката, напуштајќи ги обидите да го заземе Киев и се фокусира на источна и јужна Украина, улогата на Белорусија во војната исто така претрпува трансформација, вели Брајан Витмор, хонорарен висок соработник во Евроазискиот центар на Атлантскиот совет, пренесува nv.ua.
Неодамна, диктаторот Александар Лукашенко, кој и дозволи на Русија да ја користи белоруската територија како отскочна даска за напад врз Украина, се пожали дека го нарекуваат „соучесник на агресорот“. Тој, исто така, постојано бараше Белорусија да биде учесник во какви било преговори за решавање на конфликтот. Во меѓувреме, Белорусија неодамна објави листа на непријателски земји, на која демонстративно не е вклучена Украина, пишува Витмор.
„Според необјавен доверлив извештај од Центарот за стратешки и надворешнополитички студии во Минск, Лукашенко неодамна повика на промена на позицијата на Белорусија во војната. Белорусија ќе остане сојузник на Русија и нема да ја критикува војната, но Лукашенко не сака да се смета за еден од агресорите. За таа цел, Белорусија ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната и ќе инсистира на учество во какви било мировни преговори. Со други зборови, по пружањето помош и посредништво, Лукашенко сега очигледно сака да се преправа дека е пожарникар“, рече експертот.
Тој сугерира дека таквите напори на Лукашенко во голема мера се должат на социологијата. Според неодамнешната анкета на Chatham House, само 3% од Белорусите го поддржуваат учеството на Белорусија во руската војна против Украина. Во исто време, 67% се против руското гранатирање на украинските градови од белоруска територија, а 52% се против дозволата дадена на Москва да ја користи белоруската територија како отскочна даска за војната.
Според Витмор, Русија го препознава обидот на сојузникот да се преориентира како донекаде корисен, цинично надевајќи се дека ќе ја искористи позицијата на Лукашенко за вклучување на земјата во листата на гаранти на безбедноста на Украина за да ги одложи преговорите.
Но, белорускиот диктатор може да сонува колку што сака за оживување на улогата што ја одигра по руската анексија на Крим во 2014 година и почетокот на војната во Донбас, кога можеше да се претстави како посредник. „Овој воз веќе е отиден“, убеден е авторот на колумната.
„Тоа е војна и Лукашенко исто така. Украинските градови беа на удар од Белоруска територија. Руските трупи ја нападнаа Украина од Белорусија. Во моментов, тие се прегрупираат и добиваат залихи во Белорусија. И покрај внатрешните протести, Лукашенко ја претвори својата земја во учесник во војната. Тој стана сојузник на Путин и сега сака да стане миротворец. Тоа нема да може“, заклучи Витмор.
Превод: Жорж Димовски