Светската програма за храна на ОН (WFP) повика на пристап до жителите во украинските градови опкружени со Руска војска, бидејќи може да им се заканува глад. Ова го соопшти прес-службата на организацијата, пренесува kp.ua.
Според ОН, 1,4 милиони Украинци веќе добиле помош во храна од почетокот на војната. До крајот на април има за цел да опфати 2,3 милиони луѓе, но за ова е неопходно да се стигне до Мариупол, каде сега може да има уште 100.000 луѓе на кои им е потребна помош.
Проблемот со храната го комплицира фактот што поради војната, повеќе од 7 милиони Украинци станаа внатрешно раселени – на крајот на краиштата, тоа доведе до нарушување на логистиката. WFP проценува дека околу 60% од нив се загрижени дека нема да можат да си обезбедат храна.
– Ги повикуваме сите да ни овозможат пристап до луѓето во опколените градови. Едно е луѓето да страдаат од уништување, друго е да умираат од глад“, рече извршниот директор на WFP, Дејвид Бисли.
Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека војната во Украина може да доведе до тоа една петтина од човештвото да живее во сиромаштија.
Превод: Жорж Димовски