Нова победа на Лина Ѓорческа и пласман во финалето на турнирот во Санта Маргерита ди Пула, на италијанскиот остров Сардинија.
Во полуфиналниот меч е совладана хрватската репрезентативка Тена Лукас. Одлична игра на Ѓорческа и докрај неизвесен меч во три сета (6-3 : 3-6 : 7-6). Лукас имаше водство во третиот одлучувачки сет, но не успеа да ја искористи предноста и Лина со победа во тај-брејкот се пласира во финалето.
Оваа победа на нашата најдобра тенисерка ќе ѝ донесе многу нови поени на светската ранг-листа.
Противничка на Лина во финалето ќе ѝ биде нејзината дубл-партнерка Ева Ведер од Холандија.
Лина денес ќе го игра финалниот меч во двојки, а утре и финалниот меч во поединечна конкуренција.
Многу среќа, Лина!
Ацо Лукароски