ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Да останеме заедно и да направиме многу повеќе за демократијата!

April 16, 2022 10:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да останеме заедно! Да направиме многу повеќе за демократијата! Ајде да свртиме друга страница. Доаѓаат нови почетоци за нашите граѓани, за нашите држави, за регионот, за Европа, порача меѓу останатото поранешниот премиер Зоран Заев, во синоќешното обраќање на третиот Конгрес на СИЗИРА.

Тој нагласи дека идеите на  левицата „мора да се промовираат, гласно да се зборуваат и да се артикулираат“. Истакна дека има многу земји како Грција и Северна Македонија кои го покажаа спротивното во однос на „тезата дека Европа е или ќе биде предводена од екстремната десница”.

Заев посочи и дека договорот со Грција испрати силен сигнал во светот, како и дека е воспоставен политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство

-Со Алексис работевме за мир и успеавме да го решиме конфликтот чии темели беа длабоко во историјата. Овој успех има влијание многу подалеку од регионот. Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста. Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји, рече Заев.

Со Ципрас, посочи, одбрале да направат сè што можат за да најдат „решение без одложување“. Порача дека предизвиците се и шанса за решенија и „тоа е начинот на кој работат пријателите, фокусирани на решенија, на градење мостови, а не ѕидови“.

Ја спомена и руската инвазија во Украина и порача дека единственото решение е мирот, како и „итен дијалог наместо насилство“. Изрази поддршка за независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и „сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите“./МИА/.

Next Post

Солзавци и шок бомби украдени од магацин на полицијата во Охрид

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk