Веќе се дозна дека по загубата на крстосувачот Москва во Црното Море, руски пратеници од владејачката партија Единствена Русија испратиле писмо со барање до претседателот Владимир Путин, пренесува hyser.ua.
Пред само два дена, Алексеј Навални, руски опозициски лидер во затвор, изјави дека Кремљ веќе уапси 20 генерали на руското Министерство за одбрана за неуспехот на војната во Украина. И сето тоа поради кражбата на 10 милијарди долари одвоени од Владимир Путин за подготовка на Блицкригот. А на 16 април, се дознава за незавидната судбина на врвот на Црноморската флота.
Така, се дозна дека пратениците на „Единствена Русија“ побарале од Путин да ги отстрани и да ги стави во домашен притвор командантот на Црноморската флота, адмирал Игор Осипов, командантот на Јужниот воен округ, генералот на армијата Александар Дворников и командантот Главниот началник на руската морнарица, адмирал Николај Евменов. Токму овие луѓе ги обвинија пратениците за загубата на ракетниот крстосувач „Москва“.
Во писмото, наводно, се вели дека пратениците во Руската Федерација загубата на крстосувачот „Москва“ ја сметаат за „срам за целата земја“. Токму поради оваа причина сите сторители мора да бидат уапсени.
Тоа го пренесува РБЦ-Украина во врска со изјавата на фракцијата на партијата „Единствена Русија“.
Превод: Жорж Димовски