ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за „То вима“: Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата

Во однос на Договорот од Преспа коментира дека двете Влади успешно ги спроведуваат обврските кои произлегуваат од договорот, постои редовна и постојана комуникација, се одржува политичкиот дијалог, енергетските проекти од регионално значење се финализираат и се привршуваат подготовките за отворање на нови гранични премини.

April 17, 2022 09:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, вели премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за грчкиот весник „То вима“, истакнувајќи дека особено во контекст на војната во Украина, важно е процесот да започне без ден одлагање, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто под наслов „Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ“, направено по повод учеството на премиерот и владината делегација на Делфи форумот во Грција што се одржа од 6 до 9 април, Ковачевски говори за ЕУ перспективата, за бугарското вето, војната во Украина, но и последиците за нашата земја.

Премиерот порачува дека „НАТО и ЕУ треба да го задржат својот кредибилитет за да го зајакнат регионот“, а политиката на отворени врати е историски успех кој обезбедува мир и безбедност на целиот европскиот континент.

– Оваа политика мора да продолжи за да се обезбеди интеграција на регионот, безбедност и стабилност на Западен Балкан. Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина. Треба да ги надминеме регионалните спорови. Ова денес е прашање на безбедност, а не на економија. Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста. Ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, вели премиерот.

Нагласува дека руските активности и во земјата и во регионот се идентификувани и следени, објаснува дека и во и вон Собранието кај нас постојат партии, „кои отворено ја изразија својата поддршка за Русија, а во исто време, во сајбер-просторот има значително присуство на организирани групи кои го поддржуваат рускиот напад и релативизирање на конфликтот што не треба да се потцени“.

– Овие напори имаат за цел да создадат дилема во однос на стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот, да ја нарушат довербата на граѓаните во овие стратешки одлуки на нашата земја, додава премиерот.

Истакнува дека ако ЕУ покаже отсуство и слабост на Западен Балкан, „трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат празнината, која е од особено геостратешко значење“, објаснува дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат и се уште немаме започнато преговори „што се должи на предизвици што ја спречија нашата европска интеграција“.

– Но, ние и денес уште сме тука бидејќи за нас нема алтернатива за членството во ЕУ. За нас тоа е прифаќање на највисоките западни демократски вредности и заложби за исполнување на европските стандарди во општеството и институциите. Пречката за почеток на преговорите на Албанија и Северна Македонија се чувствува во целиот регион како удар за Унијата. Недостигот на одобрување на преговарачка рамка губи драгоцено време. Важно е, особено во контекст на војната во Украина, процесот да започне без ден одлагање. Потребно е Северна Македонија да има кристална европска перспектива, да има предвидлив, сигурен, силен и забрзан интегративен процес, истакнува премиерот.

На прашањето за бугарското вето и односите со Софија, вели дека постои добра комуникација со премиерот Петков и „искрена волја за решавање на спорот“.

– Формиравме работни групи во повеќе области и потпишани се меморандуми за разбирање, но и спроведени се суштински активности кои ги зближуваат нашите народи и ќе обезбедат социјален и економски развој. Го намаливме говорот на омраза на минимум и официјалната комуникација Софија- Скопје се развива со меѓусебно почитување и во духот на европските вредности. Ова беше клучот за смирување на тензиите за да работиме на заемно прифатливо решение. Верувам дека оваа нова рамка ќе ни овозможи да гледаме кон иднината и да ги решиме предизвиците што е можно поскоро, вели премиерот.

Во однос на Договорот од Преспа коментира дека двете Влади успешно ги спроведуваат обврските кои произлегуваат од договорот, постои редовна и постојана комуникација, се одржува политичкиот дијалог, енергетските проекти од регионално значење се финализираат и се привршуваат подготовките за отворање на нови гранични премини.

– Нашите односи претставуваат пример како се решава отворено билатерално прашање и се преточува во соработка, развој и просперитет. Грција останува еден од најважните и најактивните поддржувачи на нашиот европски пат, истакнува премиерот Ковачевски.

На прашањето за воената соработка со Турција и загриженоста во Атина за неодамнешниот договор со Анкара, премиерот објаснува дека „Северна Македонија и Турција одржуваат долгорочна соработка во одбранбена соработка и потпишувањето на таков договор не е ништо ново“.

– Слични договори беа потпишани и имплементирани со години. Финансиската поддршка наведена во овие договори се користи за модернизирање и опремување на нашите вооружени сили од турската одбранбена индустрија. Договорот што неодамна беше потпишан е дел од околу 20-годишната билатералната одбранбена соработка и не може да стави во опасност одличната воена соработка со Грција, истакнува Ковачевски.

За војната во Украина и последиците што ги носи, вели дека силно ја осудува руската инвазија, а војната треба веднаш да запре истакнувајќи дека „во 21 век разликите се решаваат на цивилизиран начин“ и додава дека во време на глобализација и меѓусебна поврзаност, „ниту една земја не е изолирана и сите сме повеќе или помалку поврзани и ги трпиме последиците“, а Северна Македонија не е исклучок .

Објаснува дека Владата била подготвена и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории.

– Економската состојба е тешка, но без овие мерки ќе се соочевме со финансиска катастрофа. Во однос на политичката ситуација, Северна Македонија е членка на НАТО и нашите позиции се координирани со Алијансата. Во услови на тешка безбедносна дестабилизација, нашата земја ужива големи придобивки како членка на најсилниот политички и воен сојуз. Безбедност и нашиот територијален интегритет се загарантирани. Тоа е најважното нешто во моментов, вели Ковачевски.

Во однос на енергетската криза, вели дека Северна Македонија како и други земји од Западен Балкан ќе бидат вклучено во платформата за заедничко набавка на течен природен гас (LNG) и водород, по заедничкиот договор САД-ЕУ, истакнувајќи дека „солидарноста во време на глобален предизвик за нас е исклучително важна.

– Нашата соработка со Грција за диверзификацијата е уште едно важно прашање. Двете Влади потпишаа договор за развој на интерконектор за гасовод. Причината за изградбата е зајакнување на односите меѓу Грција, Северна Македонија и ЕУ, олеснување на трговијата со природен гас меѓу двете земји и олеснување на натамошниот развој на мрежата за пренос на гас во нашата земја. Една од предностите на гасоводот е сигурноста на снабдувањето и ликвидноста на пазарот, како и снабдувањето со гас од Јужниот коридор. Изградбата ќе започне годинава, согласно процедурите. Дополнително, ќе се зајакне нашата енергетска инфраструктура и долгорочната стабилност на снабдувањето, а ќе се намалат трошоците за граѓаните и бизнисите, бидејќи ќе имаат пристап до поевтина енергија, вели премиерот Ковачевски за „То вима“. /MИА/.

Next Post

Речиси илјада украински деца вклучени во хрватските училишта и градинки

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk