ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Наумоски: Најгласни во борбата против новиот културен центар со грозно име, се оние кои го рехабилитираа Ванчо Михајлов последниве 30 години

Мислев дека се свртивме повторно кон антифашизмот, кога гледам дека најгласни во борбата против новиот културен центар со грозно име, се луѓето и групите кои го рехабилитираа Ванчо Михајлов последниве 30 години. Но, не ме чуди, пошто и самите не знаат што се (културно, по идеологија е јасно дека се фашисти), па едно време беа антички македонци, па Хунзи, па расколени православци, па горди србо-русо-братски словени….пишува Никола Наумоски на Фејсбук.

April 17, 2022 10:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Фото: Фејсбук профил од Никола Наумоски

Фото: Фејсбук профил од Никола Наумоски

Share on FacebookShare on Twitter

Првично бев воодушевен, си реков „машала, конечно Македонците се освестија кој е Ванчо Михајлов”, ама кога погледнав одблизу, сфатив дека се работи за уште едно влечење за нос од вмро на целата јавност. Мислев дека се свртивме повторно кон антифашизмот, кога гледам дека најгласни во борбата против новиот културен центар со грозно име, се луѓето и групите кои го рехабилитираа Ванчо Михајлов последниве 30 години. Но, не ме чуди, пошто и самите не знаат што се (културно, по идеологија е јасно дека се фашисти), па едно време беа антички македонци, па Хунзи, па расколени православци, па горди србо-русо-братски словени….пишува Никола Наумоски на Фејсбук.

„Луѓето кои му креваа музејски поставки на ВМ, кои ги менуваа историските читанки, кои снимаа 1001 документарец со Жежов и Ачковска за ваквите ликови и нивните епизоди, луѓето кои го отфрлаа антифашизмот како идеологија на народноослободителното движење и елегантно го заменија со национализмот кај партизаните, сега се демек шокирани што членови на нивната партија и идеолошка матрица слават еден заеднички фашист со Бугарите.

Сепак, би сакал да ви укажам на вториот фронт кој што го водат нивните агенти меѓу непартиската јавност. Според методите на Ванковска, на почетокот на аргументацијата се истакнува неутралноста на авторот (демек не е ни за едните ни за другите па двете страни се критикувани), за после неколку реда да се застапуваат отворено ставовите на едната страна. Па така, матицата на неутровмраната на фејсбук, екологистка во моментов, ќе ви шерува песни и спотови кои само што не ви кажале да гласате за вмро. Херојството на македонецот, неговата трудна жена која плаче носејќи го неговото крвно наследство, националистичкиот симбол на голема македонија шест пати во крупен кадар, крстови, соколи, воинствени тапани во простор, тоа е естетиката на спотот со кој што сега сакаме да им покажеме на Бугарите кои сме (иронично пола спот сниман во Бугарија).

Овој национал-шовинизам беше сериозно гонет во антифашистичка југославија затоа што се сметаше за фашистичко семе и рецепт за војна меѓу народите. И сега, од поранешниот фашизам на вмро ќе не бранат со национал-шовинизмот на дпмне? Со рок-ќосиња што единствено пеат на партиски митинзи, што пеат само туѓи (националистички) песни, што ни ја преработија „нешто ќе те питам бабо” и тоа им е најголемиот хит, со тие нѐ бранат од фашизмот!

Не е ни воопшто чудно што Путин на истите овие луѓе успева да им ја продаде приказната за денацификација на Украина. Луѓе оперирани од критичко размислување и агенти на фашистите со задача да го подриваат единството кај антифашистите“, пишува Наумоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија

May 13, 2025
Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk