Рускиот претседател веќе е сериозно загрижен за можноста од државен удар и се обидува да се заштити, пишува Hyser.ua.
Според Илја Нешодовски, директор на Институтот за социјално-економска трансформација, рускиот диктатор веќе ги зел како заложници семејствата на своите блиски пријатели. Луѓето се во посебни станови.
„Станува збор за родители, деца, сопруги. Односно, овие луѓе се „под надзор“ во индивидуални станови за да се обезбеди, така да се каже, безбедноста на првиот човек и со разбирање дека во тој случај тие семејства ќе да бидат уништени. Тоа е во стилот на КГБ“, рече тој во интервју за Факти.
Експертот забележува дека ваквите акции се поврзани со целосен неуспех на операцијата во Украина како резултат на фактот што информациите доставени до руското раководство се неверодостојни, искривени во согласност со желбите на раководството на Кремљ, а доделените средства биле украдени во големи количини
Во исто време, развиените планови за заземање на Украина се покажаа како неквалитетни со сериозни погрешни пресметки.
„Списокот на претензии таму е доста голем. Доколку има потреба да се најде виновникот за загубата на војната, тоа ќе бидат овие функционери и генерали. Нивното апсење е со цел да се спречи бегство, како и да се извлечат потребните информации. Сите овие апсења не се поврзани со можна побуна туку и со барање и идентификација на одговорните за неуспешната операција во Украина, доколку е потребно, да му се дадатвиновници на општеството, презентирајќи ги како украински агенти“, додаде Нешодовски.
Превод: Жорж Димовски