ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МОН: Одбиената понуда од 2.500 денари покачување на платите е обид за загрозување на интересите на децата, родителите и општеството

April 18, 2022 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието на младите е најважно и обезбедувањето на континуитет и квалитет на воспитно – образовниот процес секогаш треба да биде највисок приоритет при делувањето и одлучувањето на сите општествено чинители и субјекти кои учествуваат во организирањето на овој процес. Се работи за наша заедничка законска, етичка и морална должност и имаме обврска истата да ја спроведуваме, независно на предизвиците кои тековно се појавуваат и кои отсекогаш сме ги надминувале низ дијалог, без да се нанесува штета по знаењето на учениците, информираат од Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука во неколку наврати изминатиот период апелираше до раководството на СОНК заеднички да ја продолжиме практиката на паралелно извршување на работните задачи и обврски на вработените во училиштата заради непречено одвивање на работата на образовните установи и на преговарање за решавање на прашања кои ги засегаат. Но, овој пат останува нејасно зошто синдикатот реши да оди во друга насока.

СОНК не го прифати предлог за покачување на платите на наставниците во износ од 2.500 денари, обезбедени во услови кога државата се соочуваа со здравствена и економска криза. Овој потег единствено може да се сфати како уцена која загрозува интересите на учениците, родителите и семејствата.

Сепак, убедени сме дека оваа одлука не го одразува ставот на мнозинстовото наставници кои членуваат во синдикалната организација – СОНК и затоа упатуваме апел до сите наставници, кои водени од желбата да учествуваат во создавањето на ученички генерации и во градењето на иднината на државата, всушност одлучиле да се занимаваат со најблагородната професија, да продолжат да работат во интерес на учениците и уште од утре да се вратат на работните места и да ги извршуваат своите работни обврски, овозможувајќи им на младите да продолжат да се надградуваат, пишува во соопштението.

Да ги вратиме учениците таму кадешто им е местото. Тоа единствено оди во прилог на идејата за градење на нови генерации, подобри од претходните.

Од Министерството за образование и наука известуваат дека повисоки плати мора да има и ќе има. Освен покачувањето за 10%, во план е и развивање на модел за долгорочно поврзување на системот на плати со минималната плата. МОН ќе продолжи и да ја обезбедува можноста за наставниците и стручните соработници да напредуваат во звања – ментор и советник, што исто така значи повисоки месечни примања за секој кој ќе го оствари ова право. Продолжува и унапредувањето на условите за работа преку континуирани инвестиции во образовната инфраструктура и опремувањето на училиштата.

Не треба да постои сомнеш дека грижата за наставниците ќе продолжи и во иднина. Посочуваме дека само во изминатите три години, како резултат на волјата на Владата, колективното договарање резултираше со зголемување на платите во образованието за над 21%. Затоа, да ги вратиме учениците на настава, а решавањето на предизвиците да го препуштиме на социјалниот дијалог. Штрајкот е право, но не и најдобра опција во овој момент и во услови кога постои силна волја за добро решение.

Да не ги разочараме учениците и да не дозволиме наместо подобри, да создаваме генерации со помалку знаења од претходните, пишува во соопштението на МОН.

Next Post

Вкупно извезени 136.423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk